drakana kim

Стана ли женската убавина најважниот критериум кога е во прашање квалитетот на жената како личност? На оваа тема во најновото издание од „Нешто конкретно” зборувавме со Анита Даева, Аспазија Софијанова, Мики Црнокрак и Драгана Спасовска. Сите успешни во своите кариери и доволно компетентни да дебатираат дали женската убавина се изедначи со зборот успех.

несто конкретно драгана


Огледалото на Драгана Спасовска ќе каже дека таа е најубава, за нејзе self-love е најважната работа па манекенката гордо кажува дека за себеси смета оти е најубава, додека огледалото на Анита Даева е малку поскромно па тоа ќе каже дека таа е симпатична и далеку од најубава на светот. Даева вели дека не се смета за најубава на светот, не се смета ни за грда, но вели дека убавината не ја кажува огледалото. „Огледалото е мртва природа, дали си убав или не треба некој жив да ти каже, така да огледалото само ми служи да видам не имам некоја флека, косава нешто да не не ми е средена, а нема никогаш да ми даде одговор на тоа прашање”, рече таа.

мики нешто конкретно


За убавината што никогаш нема да излезе од мода Мики Црнокрак вели: „За убавината нема мода, за убавината нема тренд, ако се родиш убав ќе умреш убав”, според него сега се бара комплетна убавина, односно сувата убавина кога ќе биде надоградена со она што излегува од внатре, шарм, хазирма, интелегенција и елоквенција, кога сите тие креатори на убавината ќе се спојат во едно тоа е вистинската убавина, рече тој. 

Аспазија Софијанова несто конкретно 01

Аспазија Софијанова за првпат во јавноста зборуваше за тоа како на само 20 години се одлучила да ги намали своите гради додека била студент по медиицна, причината за тоа погледнете ја во целата емисија

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

Гледајте „Нешто конкретно” со Снеже Велков секоја недела во 17.00 часот на Телма.

meblo trejd cestitka
jk travel leto 24
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…