Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола на завршницата од 23-тата светска детска ликовна колонија “Евора 2О22” која од 9 – 16.10.2022 година се одржа во Португалија и на која учество имаа 15 држави со околу 50 учесници ги освои високите второ и трето место.

viber image 2022 10 16 01 06 48 281
viber image 2022 10 16 01 06 47 982

„Постапката на жирирање во Евора не е како на Мал Битолски Монмартр. Нема дневни награди, но има награди по сите пет работни теми од седум дена Колонија а реално во Португалија сме 10 дена. На крајот се доделуваат награди за најдобри три дела по темите на денот кој за учениците трае во просек по 8 до 9 работни часа. Најзначајни награди сепак се трите најдобри учесници – ученици на Колонијата. И ретко кога ученици од исто школо зеле повеќе од една од овие три награди. Сепак оваа година нашите ученички Леа Стерјев и Ана Полизовска го освоија второто место – сребрен медал и третото место – бронзен медал на што се посебно горди. Колонијата во Португалија има високи стандарди во оценка на детското сликарство дотолку повеќе што е и под закрила на УНЕСКО па овие награди имаат огромна вредност на нашиот труд со учениците при Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – Претседател на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2022 10 16 01 06 44 899
viber image 2022 10 16 01 06 42 649

При посетата на Португалија пет дена се сликаа варијации на теми кои ги задаваше домаќинот низ Евора која како град и самиот е под УНЕСКО заштита, а работно се посетија и Обидош – Назаре – Батиља и Фатима со што учесниците пропатуваа солидни 800 километри низ западна Португалија.

viber image 2022 10 16 01 06 44 743
viber image 2022 10 16 01 06 45 477

„Ова е уникатно искуство за нашите ученици. Имаа млади ликовни таленти како колеги од Индија преку Романија и Турција, па се до Франција и Португалија. Конкуренцијата беше огромна но квалитетот е она што пресудно а тој е неприкосновено резултат од талент но со огромна работа на терен.

Евора не потсети каде сме во светот во време кога читавме невкусни квази новинарски натписи за соработките со нашите партнери, а и време во кое и по 150 дена Министерството за образование и наука на Македонија не бојкотира со решение на проблемот кој самите го создадоа. И по нашето враќање во Битола првото нешто што ќе го направиме е активирање на сите правни механизми затоа што ако МОН а со тоа и Владата не се грижи за своите најголеми амбасадори има и точна адреса кој треба да одговара за својата фригидност.

viber image 2022 10 16 01 06 45 577
viber image 2022 10 16 01 06 47 722

Ние ќе ги реализираме сите проекти за 2О22 година. Камп за филантропија во Софија и посета на Брисел. Наше е секое дете – секој наш ученик да твори и да реализира пријателства во кои нема да има ни ‘п’ од политика и прилично сме јасни и доследни на тој наш став.” – истакна Славчо Неделковски – Претседател на Управниот Одбор на Детско ликоно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2022 10 16 01 06 45 004

Колонијата во Евора ја отвори Градоначалникот на овој град со кој Неделковски имаше и официјална средба надвор од работниот дел, а на церемонијата на свечено затворање организаторот Теодолинска Паскоал на Неделковски му го врачи и Специјалното признание кон прерано починатиот академски сликар и врвен ликовен педагог Светлана Вешиќ Ралевиќ кое е посветено на нејзните наследниците – Марко и Марта.

viber image 2022 10 16 01 06 49 247
насловна

Во Евора беше претставен и идниот меѓународен управен одбор за 42-рото издание на Малиот Битолски Монмартр 2023 година во кој ќе има 15 членови од исто толку земји од цел свет а кој ќе биде јавно обелоденет на почетокот на Ноември 2022 година затоа што планот е во 2023 година Битола да повика на гости 5О земји со над 2ОО учесници.

viber image 2022 10 16 01 06 45 803
viber image 2022 10 16 01 06 46 354

    Битола ќе ја добие првата „Пивска милја“ во Македонија
    Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за …
    Игри кои ја развиваат интелигенцијата кај децата
    Познато е дека периодот до седмата година е период на најголем раст …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…