Викендов во Офицерскиот дом во Битола се одржа концертот „Животот е музика” на кој му беше оддадена почит на човекот кој го подигна нивото на музичката уметност во Битола, академик Георги Здравев. Како диригент на битолската сцена ја поставил првата оперска претстава. Твореше како следбеник на ликот и делото на најголемиот македонски композитор Кирил Македонски.

385544211 855977422827193 2199767028113801088 n

На концертот настапија ученици и професори од нашето училиште а се изведоа дела од нашите истакнати македонски композитори, и тоa: К.Македонски, Т.Зографски, Т.Скаловски, С.Голабовски, Б.Цанев и Т.Прокопиев.

385544971 1285189645524015 3056589661425666895 n

Неговото почитувано семејство, во неколку наврати издвојуваше вредни книги и партитури од неговата обемна музичка библиотека со желба да ги подари на нашето училиште кое е една светла точка во градот – како што велеше и академик Здравев: “Светла точка за културно издигнување и музички развој на Битола и Македонија воопшто е Државното музичко училиште!”

концерт 14

Настанот беше во организација на КИЦ Битола и Државен Архив, одделение Битола во соработка со Државно музичко училиште – Битола.

фото: Ивона Кочов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…