ai generated 8208849 1280

Во книгата „Симболи на трансформацијата“, Карл Јунг пишува дека човекот и фениксот имаат многу сличности. Симболот – создавање од оган, кој е во состојба да се подигне од пепелта на сопственото уништување, исто така симболизира моќ и отпорност, ненадминлива способност која прави човекот да се врати на животната сцена многу посилен и похрабар.

Митот за фениксот е најблизок до сите форми на бистисување на планетата Земја, во себе ги има сите доктрини кои нашата планета ја прават перманентно регенеративна.

Кажано е дека солзите на фениксот имаат исцелително дејство, фениксот е силен, може да го контролира огнот и поседува бесконечна мудрост. Според Јунг, тој е еден од најважните архетипови, затоа што во неговиот пламен тој го содржи своето создавање и уништување, живот и смрт…

ai generated 8488608 960 720

„Човекот кој станал е посилен од оној кој никогаш не паднал – Виктор Франкл“.

Исто така, интересно е да се знае дека во арапската поезија и во грчко –римската култура, па дури и голем дел од Источното наследство, постојат рани записи за Митот за фениксот. Во Кина, на пример, феникс или (Фенг Хуанг) симболизира не само највисок израз на интегритет, моќ и просперитет, туку и концептот на јинг/јанг,  а таа двојност е во склад со сѐ што се случува во космосот.

Треба да се напомене дека првите културни верски докази кои се вртат околу оваа фигура потекнуваат од Египет, од каде е земен овој облик кој го карактеризира овој мит кој ни дава одлична почетна точка за размислување.

Фениксот и моќта да се подигнеме од сопствената пепел

Виктор Франкл, невропсихијатар и основач на логотерапијата, кој го преживеал концентрациониот логор – во своите книги пишува дека трауматичното искуство е секогаш негативно, но реакцијата на тоа исклуство е секогаш поврзана со личноста која го доживува. На нас е да одлучиме дали да се подигнеме и да го земем живот во свои раце, вивнувајќи се од пепелта и триумфирајќи, или, напротив, да се ограничиме вегетативно и да се распаднеме.

Оваа значајна можност на подигнување, да дојдеме до здив, да најдеме волја да продолжиме напред, почнувајќи од нашата несреќа и скршените делови кои ги носиме во нас, пред сѐ, поминувајќи низ мрачен период, познат како „смрт“. Кога ќе се соочиме со моментот – „мало умирање“, напуштаме дел од себе, кој нема да се врати, кој повеќе нема да биде ист.

Всушност, Карл Густав Јунг, вели дека човекот е сличен со фениксот, затоа што и ова фантастично суштество умира, па така, се подготвува за смрт, ама знае дека после тоа ќе се подигне во многу посилна верзија од себе.

Од  сите митови за фениксот, Египјаните ни даваат сјајни идеи за подобро размислување за односот меѓу фениксот и отпорноста.

Фениксот во Египет

Во своите текстови, Овидиј напишал дека во Египет фениксот умирал и повторно се раѓал на петстотини години. Оваа величествена фигура, Египјаните ја идентификувале со Бенум, птицата поврзана со Нил, Сонцето и Смртта. Фениксот е роден под дрвото на доброто и злото, знаел дека мора да се раѓа периодично за да стекне повеќе мудрост. Летал низ Египет како би направил себеси гнездо од најфини состојки: ароматични треви, гранки и зачини. Во своето гнездо, ја пеел една од најубавите мелодии кои Египјаните ја имале слушнато, а потоа согорувал, Три дена подоцна, фениксот повторно се раѓа полн со сила и моќ. Повторно родениот феникс, старите коски ги носел во Хелиополис, градот на сонцето во Египет како повторно би го воспоставил новиот животен циклус.

bird 8249731 1280

Отпорност и трансформација

Египетскиот мит за фениксот е преубава приказна. Меѓутоа, треба внимателно да се разгледаат деталите – како фениксот од најдобри материјали гради гнездо. Ги бара најдобрите материјали на земјата – деликатни и отпорни, кои може да му помогнат во неговата трансформација. Овој процес е многу сличен на психолошката димензија на отпорност. Затоа што и ние бараме вакви магични елементи со кои можеме да изградиме трајно гнездо од каде би ја црпеле нашата сила.

Човекот мора да ги рашири крилата за да полета преку својот внатрешен универзум во потрага по гранчиња самопочитување, цветови мотивација и достоинство, земја на своите соништа и топла вода на сопствена љубов.

Сите овие компоненти ќе му помогнат во неговиот успон, но не пред да биде свесен дека дошол крајот, дел од него ќе исчезне, ќе се претвори во пепел, во остаток од минатото кое никогаш нема да се врати.

Меѓутоа, овој пепел, нема да го однесе ветрот. Ќе биде дел од нас, така што би нѐ формирал како битие кое се издигнува од многу силни огнови, појако и попаметно. Како личност која би можела да биде извор на инспирација за другите, но, нас, првенствено ќе ни овозможи да чекориме со подигната глава и раширени крила.

Извор

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…