kosarkarski turnir 1

Заврши 13. Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2025“
📍 Организатори: КК „Младост“ и Општина Битола

По два дена полни со возбудливи натпревари, дружење и спортски дух, заврши 13-тото издание на меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2025“.

На турнирот учество зедоа 30 екипи од Македонија, Грција и Србија, со над 400 млади кошаркари.
Првопласираните три екипи во секоја категорија добија медали и дипломи како признание за својот труд и спортски успех.

Турнирот уште еднаш покажа дека Битола е вистински спортски град и одличен домаќин за младинските спортски настани од меѓународен карактер.

Пласман по категории:

2012/13 (М)

  1. „Play off“-Лесковац, Србија
  2. Спортисимо-Кавадарци
  3. Пробаскет-Кавадарци

2011/12 (Ж)

  1. Пелистер АД-Битола
  2. Колибри-Охрид
  3. Декса-Прилеп

2014 (М/Ж)

  1. Спортисимо-Кавадарци
  2. Пробаскет-Кавадарци
  3. Младост-Битола

2015 (М/Ж)

  1. Колибри-Охрид
  2. Младост-Битола
  3. Младост 2-Битола

2016 (М/Ж)

  1. Младост-Битола
  2. Колибри-Охрид
  3. Јуниор-Битола

Наредниот викенд следува вториот дел од турнирот, натпревари за ветерани 40+ во машка конкуренција и ревијален натпревар во женска конкуренција.

meblo trejd
„Мал битолски Монмартр“ со изложба на прием од Словачката амбасада во Скопје
Изложба на 20 уметнички дела од 15 млади автори од 15 држави …
Човек кој е во прелест се чини дека е во непријателство и војна со сите други луѓе
Архимандритот Рафаил Карелин даде едно од најпрактичните објаснувања за тоа што е …
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…