manaki pres nas

Жирито на Интернационалениот фестивал на аматерскиот непрофесионален документарен филм „Камера 300“ започна со прегледување и оценување на пристигнатите филмови.

Петчленото меѓународно жири во состав: Љупчо Петровски, Недељко Деспотовиќ од Србија, проф.Д- Р Антон Антонов од Бугарија, м-р Гоце Господинов професор од Скопје и Благојче Божиновски од Битола ќе ги проследат сите 45 филма од 10 земји од Европа и ќе ја донесат одлуката кои филмови ќе влезат во официјалната програма, како и определувањето на наградите според правилникот на Фестивалот.

Наградите ќе бидат доделени на свеченото отворање на фестивалот на 3.11.2023.

ФЕСТИВАЛ ПОСВЕТЕН НA КАМЕРАТА 300

За македонскиот филм, како и за повеќето во светот, XX век останува буквално век на неговото создавање и растеж. Десет години по првата проекција во Гранд Кафе во Париз, Браќата Манаки Јанаки и Милтон co нивната сега веќе легендарната Камера 300 купена во Лондон од компанијата „Урбан“, од моделот „биоскоп“- сериски број 300, во дворот на нивната родна куќа во 1905 година ги снимиле првите подвижни слики кои наедно биле први на Балканот. Фактички, тој камен – темелник за македонската филмска историја е снимањето на нивната 114 – годишна баба Деспина како преде co други жени од семејството и соседството.

meblo trejd alati2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…