0 02 05 7e2813eda3a63591da4375694c045d4883c6c19a9fe186516101effbd7bf42b3 193e420b6a514f2a

К.К. „Заншин до“- Битола  натпреварувачката сезона 2025 год  ја започна со одличен успех .  Балканскиот турнир „ФУНАКОШИ ОПЕН“ се одржа на 22 февруари 2025 год и на него учествуваа 480 натпреварувачи од 8 држави. К.К. „Заншин до“-Битола од овој турнир се врати со  26 медали и тоа  7 злата, 4 сребра,15 бронзи , 3 пехари и  плаката за успешна соработка . К. К. „ Заншин до “-Битола на овој турнир уште еднаш покажа дека децата со нетипичен развој се еднаки со сите деца  само треба трпение, љубов и почит кон нивната желба за победа.   

0 02 05 a84f603cc5e39ecb26cc17219dd3a5cc5d8b5b60458f025f444ac13d95a880f4 be6f00d89ae36a14

Вероника Кочов настапи со  мајсторска ката џион, изведуваќи ја на одличен начин при што се здоби со злато и силен аплуз од публиката, присутните натпреварувачи и судиите, Стефани Кикеска исто така имаше одличен настап и на ист  начин беше вреднуван незјзиниот успех со златен медал и силен аплауз.

0 02 05 aed265cc2a5d7c65834ce1da584b5cbdd0f243bc43b0451c74f03e5088984bd0 d61388687e2a80b0

Со златен медал се закитија : Леона Алиловска  во кадети ката жени ,  Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски кадети/јуниори мажи ката тим, Лана Бејковска, Јована Јовановиќ и Тамара Стојановска во ката тим женски 2017 год. и Каја Темелковска се закити во две  категории кати со златен медал . Со сребрен медал се закитија: Алексеј Петковски во кати мажи 2017 год и помлади, Тамара Стојановска во ката жени 2017год. и помлади, Николај Петковски кумите мажи -42кг., Надалина Талевска, Маргарита Велјановска и Каја Темелковска во кадети/јуниори ката жени . Со бронзен медал се закитија: Софија Неделковска ката  2017 и помлади  жени, Лана Бејковска 2017 год и помлади жени, Јована Јовановиќ 2016 ката жени, Бојана Бошкова  ката 2015 год. жени, Михаил Јовановиќ ката маж 2014 год и 2015 год. Надалина Талевска ката жени кадети,  Емилија Илковска ката жени кадети , Александра Божиновски ката кадети мажи, Николај Ивановски кумите мажи -38кг, Теофан Ивановски кумите мажи -30кг. Николај Петковски, Јована Јовановиќ и Бојана Бошкова ката  тим женски 2016/2015 год и Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска ката тим жени кадети/јуниори

0 02 05 9cb78a7434638132262ffd6e5b4b7045f5396d51a172f063e8de3434d242d2e3 2cb1588b056074de

Оваа сезона одлично ја започнавме  и очекуваме нови успеси на престојните натпревари како и пласман за Балканско и Европско  Првенство, вели тренерот Стевка Јанковска Петковска.

0 02 05 fd5a666af6ad75be2b1c504a9796b75a728bf5b1317595011abf003bd05b5f19 e4d04b002409628b edited

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…