diplomski kapi

Таа е амбициозна и креативна личност која го комбинира своето образование во ИТ секторот со желбата да изрази креативност во бизнисот. Препознавајќи празнина на пазарот, ја започнала својата авантура со создавање на брендот Gradcaps.mk, кој нуди уникатни, персонализирани дипломски капи. Овој бренд комбинира стил, квалитет и индивидуалност, обезбедувајќи дипломирани студенти со производ кој ја отсликува нивната гордост и успех.

Таа верува дека секој дипломиран студент заслужува капа која ќе го одразува неговиот успех и уникатност. Со Gradcaps.mk, се стреми да ги поттикне младите да се чувствуваат посебно и гордо на својот дипломски ден, создавајќи производ кој има вистинска емоционална и пазарна вредност.

kapi 3

Која е Ивана и од каде произлезе желбата за да започнеш со мал бизнис?

Јас сум амбициозна и креативна личност која се образува и работи во ИТ секторот. Иако професионално сум насочена кон технологијата, отсекогаш сум барала начин да ја изразам својата креативност. Желбата да започнам свој бизнис се роди од стремежот да создадам уникатен производ со реална пазарна вредност.

При анализа на пазарот, забележав дека во Македонија недостасува персонализиран и висококвалитетен избор на дипломски капи. Оваа празнина ја видов како можност – сакав дипломираните студенти да имаат капи што ќе им овозможат да се чувствуваат гордо и уникатно на нивниот голем ден. Така го создадов брендот Gradcaps.mk, кој го спојува стилот, квалитетот и персонализацијата во еден производ.

Што те инспирираше да се насочиш кон дизајнирање на уникатни капи? Дали има некоја специфична идеја или концепт зад твојот проект?

Gradcaps.mk започна со работа во 2024 година, токму во периодот кога и самата се подготвував за дипломирање. Првите капи ги изработив за себе и за моите другарки кои дипломираа во истиот период. Позитивните реакции од околината беа мојата најголема мотивација – сфатив дека постои голема потреба за дипломски капи кои се естетски убави, квалитетни и персонализирани.

Идејата зад проектот беше да им се понуди на дипломираните можност да го одбележат својот успех на уникатен начин. Наместо униформиран пристап, Gradcaps.mk им овозможува на студентите да ја персонализираат својата капа според својот стил и вкус.

Како го дефинираш процесот на создавање на една уникатна капа? Што е најважно во тој процес?

Процесот на создавање на една дипломска капа се состои од повеќе фази: дизајн на капата, набавка на квалитетни материјали, шиење, персонализација и оставарување на желбата на студентот, дизајн на пакување, достава на производот. Но, за да се пласира добар производ подеднакво се важни и продажната статегија, креирање на содржина за социјалните медиуми и маркетинг.

Според мене, клучно е ефикасното менаџирање на целиот процес – од соработниците до крајните клиенти , со цел да се создаде производ која ќе ги исполни очекувањата на студентот и ќе го разубави неговиот ден на дипломирање.

kapi

Кои материјали најчесто ги користиш и како тие влијаат на конечниот изглед на капите?

Главниот материјал што го користиме е висококвалитетен сатен, кој дава професионален изглед. На почетокот тестиравме различни материјали, но сатенот се покажа како најдобар поради неговата елеганција и мекост.

Квалитетот на материјалот е клучен бидејќи директно влијае на финалниот изглед на капата, но и на удобноста на студентот. Секој детал во изработката е внимателно одбран – од текстилот до персонализацијата. За индивидуалните дизајни, користиме машинско везење со висок квалитет за иницијали, логоа и декоративни елементи, а секој додаток што го вклучуваме е одбран со цел да го надополни уникатниот стил на капата.

Како ги одредуваш стилот и карактеристиките на капата што ќе ја дизајнираш? Дали ги земаш предвид потребите на потенцијалните клиенти или ги следиш своите идеи?

Дизајнот на капите е комбинација од мојата креативност и желбите на клиентите. Сакав капите да бидат стилски и соодветни и за девојки и за момци, како додаток што совршено го надополнува нивниот изглед на дипломирањето.

При дизајнирањето посветувам внимание на: големината на капата, формата и нејзините детали. Секако желбите на клиентите ни се многу важни, и секогаш гледаме да излеземе во пресрет на нивните очекувања.

Како го гледаш идниот тренд на капи и какви идеи планираш да внесеш во тоа поле како дизајнер со оглед на тоа што имаш и друга професија?

Во 2024 година, голем тренд беа машните – ги вклучивме во нашите дизајни во различни бои и стилови, и тоа се покажа како вистински погодок.

За 2025 година очекувам дека трендовите ќе се поделат на два спротивставени стила:

Од една страна, ќе продолжи популарноста на капите со минималистички, но луксузни детали, како сатенски или кадифени ленти, метални привезоци со годината на дипломирање и елегантни гравирани пораки. Овие дизајни се наменети за оние што сакаат софистициран и безвременски изглед.

Од друга страна, очекувам пораст на трендот на капи со анимирани и смешни инспирирани елементи. Поради ова се стремиме во наредниов период да креираме и вакви дизајни. Дипломирањето е важен момент, но истовремено е и забавен период во животот, па затоа сакаме да создадеме дизајни со хумористични пораки, популарни мемиња и илустрации што ќе ги одразуваат искуствата на студентите.

Овие комбинации овозможуваат секој студент да ја најде совршената капа што одговара на неговиот стил и личност.

kapi 2

Како би сакала да изгледаат идните церемонии за дипломирање во Македонија, и кои промени сметаш би требале да го направат факултетите, за овој настан да биде поорганизиран и значаен за студентите?

Би сакала идните церемонии за дипломирање во Македонија да добијат поголемо внимание и посветеност од факултетите, како во организацијата, така и во ресурсите што се вложуваат. Доделувањето дипломи и фрлањето на капи е еден од најзначајните моменти за секој студент и заслужува подобро планирана и свечена атмосфера.

Во многу земји, овие настани се организирани со посебна грижа – со инспиративни говори, симболични моменти и амбиент што го одразува успехот на студентите. Би сакала и кај нас да се вложи повеќе во подобрување на ова искуство – од професионална организација до унифицирани, висококвалитетни капи и тоги што ќе му дадат дополнителна тежина и елеганција на настанот.

Таквите промени не само што ќе го направат дипломирањето поимпресивно, туку и ќе ја засилат гордоста и значењето на овој важен животен момент за студентите.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …
meblo trejd cestitka

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…