Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола во рамките на реализација на проекти поддржани од Министерството за култура на Македонија се одржа Втор стручен собир на факултетските библиотеки.

311334094 485952606907062 639892534132777111 n

Тема на Собирот беше „Библиотечната дејност на факултетските библиотеки на УКЛО во услови на пандемија и кризни ситуации“ наиде на големо интересирање на присутните библиотекари, заради фактот дека до сега немало едукации на библиотекарите за снаоѓање во ситуации кои налагаат брзо преструктуирање на работниот процес во библиотечните институции. Собирот со воведни излагања го отворија директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски и координатор на проектот раководител на Сектор и библиотекар советник Лидија Мирчевска.

311326147 485952280240428 8777542194501293847 n

Присутните имаа можност да го проследат предавањето на Драгана Типсаревиќ, библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево, Р. Србија. Типсаревиќ зборуваше за најновите изданија и преводи од библиотечната дејност преведени на српски јазик, а воедно и за важноста на читање и активности на библиотеката од Краљево за популаризација на читањето.

311571975 485952383573751 5768728008752917040 n

Работниот дел од Собирот го водеа м-р Јелена Петровска, библиотекар советник и програмски раководител и библиотекар Ирена Колевска кои ги презентираа резултатите на анкетирањето на факултетските библиотеки во однос на библиотечната граѓа, техничка опременост, библиотечен кадар и можности за целосна автоматизација на библиотечните процеси во рамките на Универзитетот.

311453395 485952400240416 8541047413472292904 n

Посебен дел од презентацијата беше посветен на работа на библиотеките во времето на пандемија и кризни ситуации (поплава, земјотрес, свлечишта и т.н. Учесниците имаа и дискусија по однос на темите и подготовки за идниот Собир. Имаа можност да ги евалуираат предавачите и да добијат сертификат за присуство.

311607888 485952706907052 830749971986867574 n
311408875 485952290240427 8341711568157972120 n

Подготвија: Јелена Петровска Ирена Колевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…