Повеќе од 40 волонтери го чистеа местото познато како „Кај Авионите“ и Смолево во склоп на волонтерската акција „Чиста писта“ на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола. Потребата да се разлизира акцијата е фактичката ситуација дека местото „Кај Авионите“ е запоставен дел од градот каде што нема еколошка свест, а потребен е тој чист простор за многу настани бидејќи од таму се гледа Битола кристално чисто!

Во склоп на акцијата имаше и диџеј на симулирана писта и перформанс од страна дел од волонтерките кои беа облечени како стјуардеси од рециклирани материјали.

DSC 1277

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“. на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интершенал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Локалниот волонтески сервис претставува организиран облик на општествена партиципација којшто вклучува млади луѓе од Битола на возраст од 16 – 29 години.  Идејата за формирање на ваков сервис е да се стимулираат волонтерски активности и да се зголеми бројот на млади кои ќе се вклучат во доброволна работа во локалната заедница.

DSC 1202
meblo trejd mialnici 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…