Не можеш да ги научиш луѓето да се почитуваат себеси. Ниту да те почитуваат тебе. Можеш само да им покажеш каде е границата, ако тие тоа не го прават. Не можеш да ги научиш луѓето ниту да се љубат себеси. А ниту да те љубат тебе. Можеш само да им ставиш до знаење дека ако доаѓаат со омраза, нетрпеливост, студенило или дволичност, тогаш е подобро воопшто да не доаѓаат. И да им посакаш среќен пат. Зашто ќе им треба многу среќа ако со таков товар тргнале низ животот.
Порано или подоцна, веројатно и самиот ќе сретнеш такви луѓе. Не грижи се премногу кога ќе те повредат. Кога ќе те понижат. Кога ќе те оцрнат. Само прашај се себеси – како си можел да очекуваш нешто убаво, охрабрувачко или поттикнувачко од такви луѓе? Не можеш да ги научиш луѓето да се почитуваат себеси, ниту да те почитуваат тебе. Остави животот да ги научи. Но едно мора да знаат – тој ќе ги научи, но на многу потежок и поболен начин. Така функционира тоа.
Марио Жувела








