Во овој материјален свет каде духовниот аспект на човекот отсекогаш бил потценет затоа што временски е секогаш понапред – мудриот човек го живее својот живот, тој е свесен дека секој човек има свој животен пат, предизвици, лекции кои мора да ги совлада дури живее. Мудриот човек има неверојатна потреба да учи, да сознава, а колку подлабоко нурнува во спознанието тој станува свесен колку всушност не знае – а тоа е обратно пропорционално со глупавиот човек – тој мисли дека сѐ знае.
Неколку цитати од светските мислители пoсветени на најголемата кочница на светскиот прогрес – глупавоста или не е болест сѐ што боли:
„Паметните имаат право да зборуваат глупости, за глупавите тоа е обврска“ – Лагерлеф.
„Против глупоста и боговите залудно се борат“ – Гете.
„Глупоста е најнеобична од сите болести: самиот болен не страда од неа“ – Спак.
„Глупакот има една предност пред паметниот, тој е задоволен со себе“ – Наполеон.
„Не препирај се со будала, луѓето можеби не ќе ја забележат разликата“ – Блох.
„Глупак којшто станал свесен дека е глуп, не е веќе глупак“ – Достоевски.
„На илјада глупи, доаѓа еден мудар и стотина коишто себе се сметаат за мудри“ – грчка пословица.
„Само глуп човек можат да го скршат ситни работи“ – африканска пословица.
„Ако сите глупаци би носеле бели мантии, градовите би личеле на градини со кринови“ – кинеска пословица.