Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му кажува едно, а прави нешто друго. Зошто ова се случува? Ова е лажење, слабост, несигурност?
Во животот многу е важно да ги разберете луѓето, односно, е неопходно. Без разбирање никогаш нема да имате успешен љубовен живот, нема да бидете во добар однос со колегите, а нема да можете да стекните ни вистински пријатели ако немате способност да ги разберете луѓето.
Запрашајте се – можете ли ова да го сторите? Дали се сочувствувате со другите? Дали знаете што да очекувате од другите? Во светот има многу скршени срца, излажани и изневерени луѓе… А проблемот е сегде ист – неможноста да се разберат луѓето.
Но, како да го научите тоа? Прво, запомнете една работа: сѐ што говорат луѓето не е вистина. Звучи застрашувачки, зарем не? Сѐ што човекот кажува не е вистина – затоа што е сѐ или подобро или полошо од што е.
Не ги слушајте луѓето што ви говорат – видете ги нивните потсвесни ставови. Вистината е во потсвесниот систем кој го има секој човек.
Ако човек вели дека има милион долари, дали тоа е точно или не е? Лаже! Тој не говори. Сака да има милион долари, ама така што нема да мрдне со прст – да не работи.
Ако ви се расипе автомобилот и побарате помош од вашиот пријател и тој ви вели дека ќе дојде и ќе ви помогне – лаже. Тој не говори. Ќе дојде и ќе направи сѐ, ќе ви помогне да го поправите автомобилот и среде ноќ , затоа што во неговата потсвест има систем кој го поттикнува да му помогне на својот пријател, да оди до крајот на светот за својот пријател.
А некој друг ваш пријател ќе ти каже „Секогаш кога ти требам – барај ме. Барај ме во кое било време“. Исто така – лаже. Сѐ зависи од неговата желба. Сигурно ќе дојде ситуација кога тој истиот ќе ви рече „Слушај, денес ништо…другата недела“.
Дали ја имате чуено изреката „Пријателите се стекнуваат во неволја“?
Што прави всушност човекот, како постапува – сето ова се наоѓа во неговата потсвест.
Затоа убаво би било прво себеси да се запознаеме, пред да се впуштиме во врска, а она што треба да го знаете за спротивната страна не е тој/таа туку неговиот потсвесен систем.
Што мислите, кога мажот ќе ѝ каже на жената дека нема повеќе да ја изневерува, дали е тоа вистина или лага? Обидете се да ја прочитате неговата потсвест, проучете ги неговите склоности, навики, инстинкти – сите одговори ви се таму. Еднаш направил отстапка – тоа е тоа, ќе се случи и втор пат. Ако мажот ја изневерил жената, 90% е можно тоа да го направи повторно – не е важно кога, можеби по една, можеби по десет години.
Потсвесниот ум е илјада пати помоќен од свесниот ум. Нашиот мозок, во одредена смисла е компјутер. Сам, без учество на свеста ги одредува контракциите на срцевиот мускул, совршено го регулира бројот на издишувања и вдишувања. Одредува кога треба да отидете во тоалет, одлучува дали ви е студено или топло, дали ви се јаде благо или солено.
80-90% од животот го поминуваме на автопилот – односно го следиме потсвесниот систем. Набљудувајте се себеси и ќе бидете изненадени. Изненадени сте од вашите раце додека го вртите воланот десно, кога треба да свртите десно, а претходно сте дале знак дека се движите десно.
Набљудувајте се себеси и ќе забележите како еден ден е сличен на другиот. Колку денешните активности ни се слични на утрешните. Овие повторување се исполнување на потсвесниот животен систем.
Што значи – ако луѓето едно ви кажуваат, а друго прават, и тоа вас ве изненади, вие не знаете како да ги разберете луѓето. Не сте можеле да претпоставите, предвидите…Треба искуство. Но, за да се заштитите од вакви непријатни изненадувања, гледајте внимателно.
Научете да ги разбирате луѓето!