image00001

Во свечената сала на КИЦ, Офицерскиот дом се одржа свечениот концерт во рамките на проектот “Детски камп за класична музика”. На истиот настапија 30 млади таленти од Македонија, Србија и Албанија и тоа: Алексеј Белевски, Фотина Наумовска, Вики Мучолари, Јане Петровски, Дуња Мрваљевиќ, Бјорн Троја, Изабела Ѓеоргиев, Милана Јанчиќ, Алекс Евро, Исидора Видовиќ, Тамара Василевска, Вук Немаровиќ, Димитри Пелумби, Леон Жарко, Катерина Насто, Матеа Стојаноска, Ериса Морава, Јована Арсоска, Јана Блажеска, Ернест Таселари, Аница Нелоска, Јони Теодори, Ерика Ахмети, Јурген Мехметлари.

Корепетитори беа Верица Дивитарова, Паола Кондакци и Анастасија Холц.

image00037

Концертот беше како круна на деновите поминати заедно на учесниците во кампот, во меѓународна културна симбиоза, блесна и го заокружи настанот, со што Битола се збогати со уште еден културен настан за паметење. Самиот проект структурно конципиран е врз идејата за што поголема мобилност и размена на култури помеѓу земјите од Западен Балкан.

Целната група во проектот се децата, кои се наши музички амбасадори и класичната музика.

image00022

„Голема е благодарноста и среќата што европските организации  ја препознаа нашата идеја, која што се потрудивме да ја реализираме најдобро што можеме и со тоа да ја направиме нашата земја и нашиот град уште побогат со културни настани и случувања“ – изјавуваат од Здружението Пијано.

Проектот “Kids Classical Music Camp” се реализираше од 12 – 16 јуни во Битола. Главен организатор и лидер во овој проект е Здружението Пијано од Битола, а партнери во проектот се Здружението ” Gradus Ad Parnassum” од Сремска Митровица, Србија и музичкото училиште ”  Tefta Тashko – Koco ” од Корча, Р. Албанија. 

IMG 8142

Раководните лица на здружението „Пијано“, Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска истакнуваат дека на овој петти повик од Western Balkan Fund и втор повик кој што е поддржан од Европската Унија, од вкупно 347 апликации, избрани беа 36 проекти, по 6 од секоја земја членка на Западен Балкан, меѓу кои и проектот ” Kids Classical Music Camp” на здружението “Пијано”.

354578583 816237316601031 4835580297382284567 n

Здружението на пијанисти и музички педагози Пијано Битола е формирано 2018 година од професионални педагози по пијано како и од група ентузијасти и љубители на класичната музика.

Целта на здружението е да се подигне нивото на музичка култура, културата на слушање на класична музика во нашиот град, како и да се имплементира еден нов начин на едукација на нашите млади таленти кои што треба во иднина да ја продолжат музичката традиција, преку интернационални проекти, семинари, работилници, мастеркласи и сл.

Освен културна размена и споделување на искуства, во овој проект беа споделени и знаења, па така во текот на проектот беа реализирани 4 работилници и тоа 2 од страна на земјата домаќин – Македонија, една од гостите од Србија и една од гостите од Албанија.

Во истиот покрај едукативните работилници беа одржани посети на Битолскиот Завод и Музеј, Хераклеја, Охрид, Пелистер, со што проектот придонесува и кон туристичка промоција на нашата земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…