354608291 272627538587497 5040519288566226614 n

Синоќа во кристалната сала на КИЦ – Офицерски дом во Битола беше отворена ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Арт Поинт-Гумно од с. Слоештица, Демир Хисарско.

354545572 272627275254190 1536300719394467428 n

Поводот за изложбата е 20-годишното креативно делување на семејството Андреевски – меѓународниот центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт – Гумно, каде низ сиве овие години продефилираа повеќе од 80 уметници од целиот свет. За Арт Поинт – Гумно велат дека е расадник за регрутирање на културни амбасадори за Македонија оти, освен што создаваат дела инспирирани од магијата на модрата планина и сѐ што пулсира во и околу неа, уметниците волонтираат и во бројните проекти што центарот ги спроведува во соработка со локалната заедница и се запознаваат со нашето бесценето културно и природно наследство.

354556201 272627548587496 4536440694594420114 n

Дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, низ кои провејува убавината што уметниците ја доживуваат за време на гостувањето, се пренесени од гумното во Слоештица.

354470266 272627178587533 6181057793165691573 n

Изложбата ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач – Јулијана Величковска, која што рече дека секоја посета на ова единствено гумно ја доживува како празник. Изложбата ќе може да се посетува уште десетина дена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…