Зрно-фестивалот на алтернативна фотографија, кој своето прво издание го имаше минатата година, за една година прави голем исчекор во квалитетот и квантитетот на содржините кои ги нуди. Како единствен фестивал во регионов и меѓу ретките во светот кој ги негува благородните фотографски техники и има висок естетски стандард, Зрно, на отворениот повик за дела привлече алтернативни фотографии од околу триесет земји од светот, од сите континенти.

zrno 2

Селекцијата ја правеше осумчлено меѓународно жири и тоа:
– Ивана Томановиќ, од Академијата за уметност од Нови Сад
– Наталиа Копкина, од Финскиот „даркрум“ институт
– Емил Киндлајн, од Аналогманиа-Темишвар/Виена
– Дино Рекановиќ, Ротлихт фестивал-Виена
– Стиг Марлон Вестон, алтернативен фотограф од Осло
– Сашо Алушевски, претставник од Зрно фестивалот,
– Бруна Валенца, Сао Паоло
– Емилија Сандиќ, Академија за уметност, Нови Сад

Zrno eng txt logo1

Избрани се околу 120 дела на отворениот повик кои беа изложени во Мултимедијалниот Центар – Мала Станица, во Скопје. Делата од отворениот повик потоа се селат на 8-ми јули во Битола, во Офицерскиот дом.

zrno

Ова е единствена можност кај нас да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до оригинални колодиумски стакла од огромен формат и многу различни експерименти измеѓу. Низ целата селекција провејува еден модерен, ведар и луциден дух на современата светска фотографија, ослободена од вештачки наметнатите стеги на медиумот, од минатиот век.

Работилниците за седум алтернативни фотографски процеси ќе се одржуваат во село Цапари, во просториите на уметничката колонија Де Ниро, од 10-ти до 16-ти јули. Пријавените учесници на работилниците се една прекрасна шарена комбинација од најразлични вљубеници во фотографијата ширум Европа и една учесничка од САД. На 14-ти јули, во Кино Манаки во Битола, на отворениот ден на фестивалот, во 20.00 часот, професорот Роберт Јанкулоски ќе одржи претставување на делото на браќата Манаки, изложба на нивни фотографии а потоа ќе биде прикажан и филм за нивнниот живот и дело.
Програмата на Зрно 2023 ќе заврши со изложување на дел од делата кои ќе настанат на работилниците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…