Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на книжарницата Book’s House , кој се одржа во локалот Бар Општина, кој се наоѓа веднаш до книжарницата.

хаус 4

На настанот се продаваа книги од повеќе македонски издавачки куќи кои донираа книги за настанот како и рачни изработки донација од ракотворци по пристапни цени за сечиј џеб.

хаус 5

Целта на „ХУМАНИТАРНА ВЕЧЕР СО МАКЕДОНСКИ АВТОРИ“ беше да се соберат средства за да се помогнат средношколците со попреченост кои учат во паралелките сместени во СОУ „Таки Даскало“ – Битола, но и семејни лица кои се соочуваат со попреченост – водени од мислата: нашето малку, некому може да биде доволно.

хаус 6

Книжарницата Book’s House од кога се отвори – неколку пати  веќе има реализирано хуманитарни настани кои за среќа се и помогнати и од големи и мали бизниси, но и посетени од голем број на хумани битолчани, но и посетители надвор од Битола.

хаус 8

Присутните уживаа во вокалот на Сара Петровска која се погрижи за музичката атмосферата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…