Со отворањето на книжарницата Book’s House се прекина културниот молк во Битола пред една година, кој беше предизвикан од многу околности, но најмногу од пандемиската криза. Битола долги години живееше без книжарница и тоа најмногу ѝ недостигаше изгледа, според тоа колку е посетена Book’s House во текот на оваа година.

Јулијана Делев, со голема поддршка од нејзиниот сопруг и нејзините две деца се одлучи од  on line продажба на книги да отвори физичка книжарница, место кое нема да биде обична продавница за книги, туку катче во градот на културата каде секој вљубеник во книгите ќе може да потоне, барајќи, а сега и читајќи го своето омилено четиво заедно со кафе или водејќи книжевен  разговор – а најмногу е за пофалба постојаната промоција на македонските писатели.

Јулијана вели дека од нејзиното хоби си створи работно место. И навидум изгледа лесно и забавно нејзиното работно место.

Читај бе: Колкав е предизвикот да си сопственик на книжарница сега и овде во Битола?

Јулијана Делев: Предизвикот е огромен, но љубовта кон книгите секогаш победува. Се вложувам целосно да си го остварам мојот сон, а пратејќи ги и читателите  во текот на оваа една година, мислам дека Book’s House не беше само мој сон, туку на многумина во Битола.

Читај бе: Скоро го одбележавте првиот роденден. Каков е вкусот на битолската читателска публика?

Јулијана Делев: Битолчани се избирливи кога станува збор за култура, не може сѐ да помине. И тоа им е одлична карактеристика. Најчесто се бара помош од мене кога купуваат книги за подарок. Освен битолчани, книжарницата има гости и од други градови кои прават нарачки и резервации. Секоја книга си го наоѓа патот до читателот, а нели и за вкусовите не треба  многу да се коментира.

lule naslovna
фотографии: Никола Талевски

Читај бе: Што е она на што најмногу внимавате во градењето на брендот Book’s House?

Јулијана Делев: Чесна соработка со читателите, дефинитивно. Книжарницата, се трудам да ја водам со многу љубов, благодарение на мојот сопруг кој многу ми помага во работата, затоа што е невозможно сѐ да успеам сама, тука се и моите деца, кои растат заедно со книгите, пријателите. Book’s House не е продавница за книга, туку место за средба, за книжевен разговор, кафе-муабет, па на крај купување на книга.

Читај бе: На полиците низ книжарницата има околу илјада наслови: литература за деца и за возрасни од сите жанрови, и скоро сите издавачки куќи во Македонија што навистина восхитува. Дали уморува будното следење на актуелната книжевна сцена?

Јулијана Делев: Не, воопшто. Мое е да ја донесам книгата, да биде присутна во книжарницата, а на некој чуден начин, како што кажав и претходно, секоја книга си има читател.

321296317 879643979740007 7566205426877044882 n 1

Читај бе: Во моментов актуелно е коментирањето на правописот во книгите. Колку битолските читатели се избирливи кога станува збор за македонскиот правопис во книгите?

Јулијана Делев:  Има критичко размислување и тоа е добро. Убаво би било кога книгата би била совршена во јазичен поглед, пак ќе кажам, активниот читател умее да препознае добра книга и често се коментира и правописот, но мора да кажам и дека јазичните пропусти не им пречат на сите читатели – ако книгата има добро развиена приказна. За овој одговор најкомпетентни се издавачките куќи во Македонија.

Читај бе: Покрај тоа што Book’s House располага со литература на македонски јазик, има голем избор и на литература на англиски јазик,  на овие полици се најприсутни младите читатели. Велат дека младите не читаат, какво е вашето искуство?

Јулијана Делев: Напротив, Book’s House е најпосетена од млади луѓе и тоа средношколци, а често и помали дечиња доаѓаат со нивните родители. Книгите на англиски јазик најмногу ги бараат младите, а во книжарницата се достапни класиците на англиски јазик: Дефо, Достоевски, Стокер, Дима, Вајлд и така натаму.

Читај бе: На првиот роденден ја отворивте читалницата или како што умеат да кажат вашите редовни гости – интелектуално катче, која е неговата намена?

Јулијана Делев: Да се организираат книжевни дружења, да се најде парче рает по битолски кажано, организираме и промоции на книги така што ваков простор ни беше неопходен.

Читај бе„Книгата вреди само ако се чита“ стои на влезот на читалницата, дали продавањето на книга е вообичаена продажба и толку, или се чувствува возвишениот момент „добрата книга е разговор со добар пријател“?

Јулијана Делев: Јас продавам производ кој одново и одново може да се користи. Книгата нема рок на траење, во секој случај само ако се чита има вредност, а тука веќе станува збор за подигнување на личната, па колективната свест. Така што, секогаш е присутен возвишениот момент, како и да разгледуваме читањето е духовна храна.

Читај бе: Она што никој од гостите или купувачите што не може да не го забележи е  топлото гостопримство, кое одново нѐ тера да се враќаме во Book’s House. Дел е од маркетингот или вродена стара битолска култура?

Јулијана Делев: Тоа сум јас и моето семејство. Се обидувам да се однесувам исто како што сакам да се однесуваат со мене. На добриот производ ретко му треба герила маркетинг или нешто посебно, во овој случај доволно е да е видлив, а тоа совршено го работат социјалните мрежи.

320746463 502371601994762 2781980615731410734 n

Читај бе: Кои се позитивните искуства од 2022 година?

Јулијана Делев: Истрајно да се заокружи една година работа, роденденот беше одлично саботно дружење. Сега сме на прагот на  2023 година, за секој од нас уште еден уникатен  предизвик, битно ми е да се движам со добра мисла кон себе и кон луѓето околу мене, сѐ друго си доаѓа во право време. Така што  на сите  читатели на порталот Читај бе им посакувам радост и напредок во сите животни полиња и топло добре дојде во Book’s House.

Библиотеката се грижи и за повозрасните читатели – донација за патрониот празник
По повод Патрониот празник во холот на Библиотеката од денеска е поставена …
Рутини кои би можеле да ви помогнат при несоница
Несоницата понекогаш трае ноќ или две, но во други случаи тоа е …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…