Во време кога си ги честитаме празниците само преку пораки на социјалните мрежи, без никаков социјален и директен контакт, се губи смислата на празнувањето. А празнувањето значи споделување.

Токму затоа, за да внесе топлина во подарувањето, повеќе од 15 години, Маре Билјановска од Битола сама ги изработува новогодишните честитки кои им ги подарува не само на децата, туку и на своите пријателки.

322157413 828711531548500 573010711210221866 n

Новогодишните честитки на тетка Маре се уникатни, сите се различни, изработени внимателно, со љубов. Една честитка – една приказна. Кога се приближуваат новогодишните празници, таа ги вади своите кутии каде чува различни материјали и украси и започнува со креативната магија.

„Толку многу се внесувам додека ги изработувам честитките што некогаш нема ни да почувствувам дека уште малку и сонцето ќе изгрее, а јас работам цела ноќ. Но мене тоа не ми е проблем, затоа што она што го правам со огромна љубов, воопшто не ме заморува. Напротив, само ме исполнува. Годинава изработив 35 новогодишни честитки и сите се различни. Една моја пријателка од Струга на која секоја година и праќам честитка, ги чува сите и секоја година си ги става под елката“, вели тетка Маре за Читај бе.

Таа вели дека е среќна кога и децата се среќни, а се надева дека на ваков начин, со овие честитки ќе ги развесели уште повеќе. Ја испраќа и својата празнична порака за децата:

321634866 858083625442033 8262371241189950857 n

„На децата им посакувам да бидат прво здрави, среќни, безгрижни, а за тоа се тука нивните родители и старатели. Тие носат топлина во срцето, радост во семејството, тие се нашето најголемо богатство. Со ништо на светот не може да се купи нивната насмевка, нивната прегратка. И јас имав една, единствена желба, неостварена, да работам како наставничка или негователка, затоа што ги сакам децата со цело мое срце и душа. За мене нема лошо дете, има само темпераментно или помирно. Треба само да влезете во нивниот свет и тие потполно ќе ве разберат и сазакаат. Во себе треба да го најдете детето за д можете да ги разберете. За секое дете најдете добар збор, насмејте им се, играјте со нив, а тие ќе ви го дадат најубавото чувство на светот!“

Реализиран проект на КИЦ: изложба на македонски и канадски графички уметници во Битола и Торонто
Културно информативниот центар од Битола оваа година реализира капитален проект од графичката …
Излезе од печат 13. број на Списанието „Современи дијалози“
Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…