viber image 2023 09 24 13 49 06 166

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола веќе традиционално почетокот на школската година за своите ученици – членови меѓу другото го започнува и со теренско сликање во градскиот парк во Битола.

viber image 2023 09 24 13 49 06 339

„Според временските прогнози првиот ден на есента беше и најтоплиот откако ни започна школската година па решивме членовите да ги извадиме на терен во градскиот парк во Битола каде 3.5 часа сликавме и се забавувавме. Особено ни значи другарувањето на сите наши членови кои се во возрасната граница од 4 до 18 годишна возраст. Во студиото работат во шест работни групи речиси и да немаат можност да се запознаат меѓусебно. Ова воедно е и начин на подготовка на повозрасните ученици за ликовните колонии каде во просек еден работен ден им трае и повеќе од осум часа.” – изјави Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.

viber image 2023 09 24 13 49 06 383

Учениците сликаа на тема “жаби” a нивната креативност предизвика голем интерес и кај битолчани кои саботното пладне го минуваа со најмладите во градскиот парк во Битола.

viber image 2023 09 24 13 49 06 464

„Сериозно ова е ефективна педагошка мерка која ни овозможува и оценка и проценка на карактерот на учениците, а не само степенот на нивниот ликовен талент. Воодушевува сегментот на емпатија и желбата за помош од страна на повозрасните ученици кон помладите. Ова е и форма и начин на пронаоѓање на “бисери” кај младите групи каде учениците во основа се во фаза на едукација поточно самопронаоѓање дали уметничкиот талент ќе решат да им е приорите или едноставно ќе е фаза која ќе одмине. Забораваме понекогаш дека природата ни е на дофат. Темата нема поврзаност со конкретен конкурс, а се сликаше на тема “жаби” затоа што ликовниот талент не е само реализмот па сега имаме коцкести – правоаголни жаби – жаби кои летаат, но и жаби кои се сеуште на годишен одмор. Имагинацијата на младите ликовни уметници просто е бескрајна а за нас и бесценета па на овој начин и со оваа форма ја потпомагаме.” – изјави Томислав Стерјев – одговорно лице за ликовни активности при ДЛС.

viber image 2023 09 24 13 49 06 534

Во градскиот парк во Битола сликаа околу 6О ученици – членови на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2023 09 24 13 49 07 024

„Целта е постигната. Учениците без исклучок ги исполнија сите 3 – 3.5 предвидени часа. Сериозно живееме во време кога фокусот на нашата младина е тешко да се одржи – дотолку повеќе кога освен талентот тука има и физички напор. Не е така лесно да се работи си мрсен пастел што е нашата препознатлива сликарска техника. Воодушеви и грижата за околината и организираноста. Темата на родителите им беше соопштена претходно и секако беше споделена со учениците кои одлично ја испитаа темата. Со ова го одбележавме и првиот ден од есента, а воедно и го најавивме патувањето за 24 светска детска ликовна колонија во Евора – Португалија која ќе трае од 1 – 10 октомври. Ќе се патува со еден ученик. Тие финансии ги имавме, а решеноста со самата негрижа од одговорните кои не одвоија ни денар беше огромна мотивација. Не мислам дека ја разбраа пораката која има само 2 прости значења. А мислат дека сме конфликтини. Прво дека секое дете – наш ученик заслужува да е на локација каде што е покането да твори поради реализиран успех. И таа заслуга не познава географија, а ни финансии. Второто значење е дека ете тој еден – два иако ние би сакале сериозно да патуваат сите ученици кои се наградени ги претставуваат Битола и Македонија и се тоа само поради мисијата на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола. И за чудо тоа родителите и учениците при ДЛС го разбираат и почитуваат додека возрасните кои треба да се грижат успехот да е и награден се во фаза на преживување на “детски болести” без прекин.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…