383240320 718602506975403 4889279264671236123 n

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа предавање на тема “Современата терапија за дијабетесот и начини на регулирање на гликемиите” од страна на првиот ендокринолог и дијабетолог во нашата држава проф .д-р Милчо Богоев.

383208985 718602563642064 962816191376970979 n

Тој пред присутните гости започна со зборовите дека оваа болест еднаш се добива, но за жал е болест која не може да се излечи туку секој еден мора да се научи да живее со оваа подмолна болест која не ги одминува ни најмалите.

Настанот е организиран од Здружението на дијабетичари на општина Битола со кои нашата библиотека има одлична соработка. Пациентите кои се дел од ова здружение имаа можност одблиску да се запознаат со професорот и да си ги разјаснат некои прашања за нивната дијабетична состојба.

384113621 718602430308744 7825374515630217912 n

Посебна чест направија ученичките од ООУ “Даме Груев” кои организирани од нивниот професор Христијан Талевски изведоа музички нумери со кои ја облагородија атмосферата.

383784253 718602360308751 8127095772211839780 n

Настанот заврши со поставување на седум апарати за континуирано мерење на шеќер кои беа донација од ФОД НОВАЦИ а истите беа поставени на лица со тип 1 дијабетес над 18 години кои се пријавија преку инсулинската аптека во Здравниот дом Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…