Утре, вторник, Театарската Школа ФАБРИКА ЗА МЕЧТИ, има свое целовечерно претставување во НУ Народен Театар Битола. Играат две претстави и тоа: “Кој е Том Соер?” од Марк Твен, во којашто учествуваат деветнаесет дечиња од малата група на школата, и “Д БРАЈДСМЕЈДС”, по пиесата “Пет жени во исти фустани” од Алан Бол, во којашто учествуваат тринаесет девојки од тинејџерската група на школата. “Кој е Том Соер?” е правена по драматизација на Билјана Крајчевска, а двете претстави се во режија на Софија Ристевска Петрушева и Билјана Крајчевска.
Претставата „КОЈ Е ТОМ СОЕР?“ започнува во 18 часот, додека “Д БРАЈДСМЕЈДС” во 21 часот во големата сала на НУ Народен Театар Битола.