kostov naslovna

Македонското научно друштво- Битола, на 26.4.2023 година ја прослави 63 годишнината од своето формирање. Во таа чест, се одржа трибината ,,За Костов” во КИЦ – Офицерски дом, трибина која уште еднаш го потврди грандиозното дело на битолскиот литературен великан Владимир Костов.

viber image 2023 04 27 08 46 46 888

Владимир Костов беше битолски писател, романсиер, кој во 1983 година станал член на ДПМ, а во 2016 година избран и за почесен член на МАНУ. Тој претставува еден од најплодните автори во македонската книжевност, писател кој во своето творештво постојано се навраќа на родната Битола и успева да ги внесе читателите во својот свет, шетајќи ги по битолските улици. За жал, неговиот живот згасна на  3 јанураи 2023 година, меѓутоа токму оваа трибина и настаните во иднина посветени на неговиот лик и дело  се доказ за тоа дека делото на Костов ќе остане во колективната меморија на книжевната јавност пред сѐ.

viber image 2023 04 27 08 46 01 018
viber image 2023 04 27 08 45 19 833

На трибината дадоа збор проф. д-р Невена Груевска, претседателка на МНД, исто така и проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска,  проф. д-р Живко Андреевски,  проф. д-р Анита Ангелевска, проф. д-р Александар Стерјовски, Весна Мундишевска-Велјановска, Милица Димитријовска-Радевска и писателот Добре Тодоровски.

viber image 2023 04 27 08 45 35 119

Во улога на модератор на настанот беше Милена Касапоска Чадловска.

За музичкиот дел се погрижија ученичката Теодора Мицевска од ПСУ САБА и ученичките  Зорица Јовчева и Санела Шукриевска од Државно музичко училиште – Битола.

viber image 2023 04 27 08 45 46 127
viber image 2023 04 27 08 45 31 685

Во текот на вечерта ученичките Андреа Триста и Тамара Талевска од ООУ,,Даме Груев” читаа извадок од делото ,,Дива мисла” . Додека пак средношколците од СОУ Гимназија ,,Јосип Броз Тито”- Битола, Вероника Стојковска и Филип Здравески каде токму писателот Владимир Костов го стекна  средното образование, го затворија настанот со читање на извадок од неговото култно дело: ,,Црквичето четириесет маченици во Битола”.

meblo trejd za gradina косацки
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…