Танцовиот спортски клуб Степ Ап Битола на 20.12.2022 година со почеток во 19:30 часот одржа бесплатен час на кој можеше да присуствува секој кој има желба да научи да танцува. Битолчани го почувствуваа духот на традицијата, понесени од звуците на англискиот валцер и раководени од нашите професионални инструктори Јагода Димовска и Тони Лозановски и асистенција од активните натпреварувачи Тамара и Зорица.

viber image 2022 12 21 20 48 55 684

Блеснаа кристалите во Офицерскиот дом, но блеснаа и насмевки на лицата на присутните кои уживаа и танцуваа.
После тежок период низ кој минуваат луѓето убаво е да направат нешто за себе, за своја душа, а без многу голем напор и стрес. Нема ништо подобро за тоа од музика и танц – велат од ТСК СТЕП АП
Со овој настан ја заокружиме успешната и плодна танцова 2022 сезона и го доближавме танцот до граѓаните на Битола. Во таа чест наздравуваме, со амбиција, желба и планови за уште поинтересни проекти во иднина.
Упатуваме благодарност до сите кои покажаа интерес и го поддржаа овој прекрасен настан.

viber image 2022 12 21 20 49 13 038

“Танцувајте, таа забава никогаш нема да му наштети на светот” порачуваат од ТСК Степ Ап и ве покануваат да се вклучите во нивните активни групи за возрасни љубители на танцот.

viber image 2022 12 21 20 49 22 681 1
Златна камера 300 за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“
Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа …
Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…