Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во Битола, започна манифестацијата „Трчај бе“, чиј главен поддржувач е општина Битола. Официјалниот почеток на трката, која годинава е и Национално првенство во полумаратон, го означи градоначалникот Тони Коњановски.

Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето, трчаа на трите патеки долги пет, десет и 21 км низ Битола на годинешното четврто издание на „Трчај бе“.
На манифестацијата учествуваат и бројни компании, кои давајќи поддршка на овој значаен проект, своите тим билдинг активности, овој викенд ги испланираа токму како учесници на настанот.
Фотограф: Саше Богоевски




































































































































































































Steve Aoki ќе настапи во Битола за Илинден – концерт со бесплатен влез на 2 август
Светски познатиот диџеј и музички продуцент Steve Aoki ќе настапи во Битола …
Она што останува кога свадбата ќе заврши: „Унгарска свадба“ – изложба што ја чува традицијата жива
Постојат фотографии што ја запираат секундата, а има и такви што го …









