Најмасовниот спортски настан, кој по четврт пат ја става Битола на мапата на градови со трки, вчера се одржа пред бројна публика која од раните утрински часови на патеките ги бодреше 1.500 учесници, од дури 17 држави.

trcaj be 130

Атлетски ѕвезди, пасионирани рекреативци, јавни личности, политичари, компаниски тимови, а трчаа заедно и цели семејства и поединци кои одлучија да ги истрчаат битолските улици, па преку Широк Сокак да влезат во целта со своите миленици. Ако минатата година, градот домаќин беше балканска метропола на трчањето, заради одржувањето на Балканското првенство во полумаратон, од оваа може да се каже дека развива настан кој брзо може да стане спортска туристичка дестинација, од пошироки размери, на која годинава зедоа учество бројни тимови на меѓународни компании, кои токму овој настан го избраа за викенд тим билдинг активности.

nagradi trcaj be 15

„Уште кога ја планиравме првата ТРЧАЈ БЕ, пред повеќе од четири години најголемиот предизвик ни беше, како да направиме трка од која сите ќе бидат задоволни. Започнувајќи од професионалните и рекреативни тркачи, до публиката и спонзорите. Од првата година учесниците се среќни, тоа е факт, но растот на трката буди сериозен интерес кај спонзорите што зборува за потенцијалите за раст на настанот. Во градот немаше нити едно слободно место во хотелите, угостителите имаа исто за овој период од годината зголемена фреквенција. Неколку илјадна публика, специјално излезена низ улиците и кафулињата во градот за да ги бодри тркачите, од раните утрински часови и оваа година е најубавиот знак дека сме го направиле вистинскиот потег. Градот Битола, го сака ТРЧАЈ БЕ”- истакна Никола Димитровски, директор на трката.

trcaj be 184

На патеките, организаторот имаше предвидено офф програма на која настапија над 50 музичари и артисти, за музичко бодрење на тркачите, пред Општина Битола настапи битолскиот бенд Паркети, а на главната бина Оливер Јосифовски со формација од врвни музичари изведоа музика од филмот Стела.

trcaj be 53

Годинава, 21К трката беше селектирана од Атлетската федерација на Македонија да биде Национално првенство. Покрај во полумаратон, учесниците трчаа и на пет и десет километри, учествуваа врвни атлетичари, рекреативци и вљубеници во трчањето, а најдобрите добија награди во фонд вреден 5.000 евра.

nagradi trcaj be 3

Преглед на резултатите

Национално првенство во полумаратон:

Жени
1. Тамара Јолевска Попов 01:36:21
2. Весна Кираџиева 01:42:10
3. Жената Богатиновска Илиева 01:42:22

nagradi trcaj be 6

Мажи:
1. Дарио Ивановски 01:07:56
2. Жан Тосев 01:16:37
3. Мартин Трајановски 01:16:53

nagradi trcaj be 8

Трчај Бе 21к

Жени:
1. Миљана Ристиќ 01:28:07
2. Тамара Јолевска Попов 01:36:21
3. Весна Кираџиева 01:42:10

nagradi trcaj be 9

Мажи:
1. Дарио Ивановски 01:07:56
2. Tirron Mamusha 01:13:47
3.Жан Тосев 01:16:37

nagradi trcaj be 10

Трчај Бе 10к

Жени:
1. Адријана Поп Арсова 35:51
2. Душица Јанковиќ 44:11
3. Билјана Сивева 44:26

nagradi trcaj be 11

Мажи:
1. Иван Пешовски 33:30
2. Димитар Петровски 34:50
3. Миле Иванов 34:58

nagradi trcaj be 12

Трчај Бе 5к

Жени:
1. Николина Милевска Велјановска 20:24
2. Јана Стефановска 20:59
3. Радмила Јованова 21:05

nagradi trcaj be 14

Мажи:
1. Атанас Епов 16:06
2. Кристијан Наумовски 16:24
3. Григоријан Никовски 16:30

nagradi trcaj be

Беа доделени пехари и дипломи за екипи, признанија по возрасни групи, беа наградени најмладиот и највозрасниот учесник, а посебни награди добија и најбрзиот битолчанец и најбрзата битолчанка.

trcaj be 194
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…