steve dj

Светски познатиот диџеј и музички продуцент Steve Aoki ќе настапи во Битола на 2 август – Илинден, на стадионот „Петар Милошевски“, на концерт со бесплатен влез за сите посетители.

Настанот е во организација на Avalon International Booking и ќе го означи почетокот на прославата по повод 35 години од независноста на Македонија, која ќе кулминира со централната манифестација на 8 Септември.

Покрај Steve Aoki, публиката ќе има можност да ужива и во настапите на домашните изведувачи CYRILLIC, TASEV, MONARCH и FACE, кои ќе бидат дел од целосната музичка програма.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија, спектакуларна продукција и музичко доживување, а упатуваат покана до посетители од целата држава да бидат дел од прославата.

„Прославата на 35 години независност на Македонија започнува токму на нашиот најголем историски празник – Илинден, со еден од најактуелните диџеи на светската сцена. Влезот за концертот на Steve Aoki ќе биде бесплатен“, соопштија од Avalon International Booking.

Концертот ќе се одржи на 2 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, а организаторите порачуваат:

„За 2 август, каде и да си – во Битола да си!“

Младите кошаркарски надежи на „Младост“ повторно нов предизвик во Грција
На покана од реномираниот грчки кошаркарски клуб Edessaikos BC од Воден, младите …
Ако сте станале лоши за некого – значи дека сте направиле премногу добро за него
Во човечките односи постои еден парадокс кој е тешко да се игнорира: …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…