сах

Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ – Битола на 15.10 2023 година, со почеток во 10,00 часот ќе го организира традиционалниот турнир во забрзан шах ШАХ-ШЕХ Вавилон open.

IMG 61c014d9204852eea0dec4a9629da5bb V

На турнирот ќе учествуваат шахисти од сите градови и клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави. Соработката на ШК ШАХ-ШЕХ со клубовите од соседните држави резултира со организирање на бројни турнири, во Битола, но и во соседна Грција. Турнирот е рејтингуван и ќе се игра според правилата на FIDE во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег.

IMG ca074eb6f043c8607134d8cf0364e03c V

Турнирот е од отворен карактер и право на учество има секој шахист. За условите за пријавување подетално можете да се информирате на Chess rezults mkd. На турнирот најавија учество и шахисти со висок рејтинг и меѓународни титули, велемајстори, интернационални и FIDE мајстори и други одлични шахисти. Од страна на организаторите се најавува и пригодна презентација на активностите на клубот, но и промоција на шаховска химна.

IMG b5ead4cc07a9983b33a410429cb0d5f8 V

Сите заинтересирани за овој настан слободно може да дојдат на свеченото отварање на турнирот во Ресторанот Вавилон, но и да го пратат текот на турнирот, се разбира со почитување на редот кој се практикува за вакви настани.

IMG 5322890c55ce2aa77834b431610147b6 V edited
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…