Изминатиот викенд, на 19-ти и 20-ти ноември, во просториите на Интимен Театар Битола, се одржаа последните две театарски работилници од интердисциплинарниот проект „ТЕАТАР НА ЛИЧНОСТА, или театарот како алатка за подобрување на менталното здравје и зголемување на квалитетот на живот на социјално загрозените семејства и ранливите категории“. Овој проект траеше од 15-ти август, до 20-ти ноември и во него зедоа учество над дваесет деца од социјално загрозени семејства, како и триесет стари лица од Приватната установа за социјална заштита на стари лица „ДОМ СОФИЈА Битола“.

313035570 473466091442621 7219741330246114660 n

Работилниците ги водеа режисерката Софија Ристевска Петрушева, актерот Валентин Дамчевски и танчерот Борис Богдановски. Овие театарски и танцови работилници беа наменети за развивање на креативноста на децата од социјално загрозените семејства и старите лица, со што се влијаеше позитивно врз подобрувањето на нивното ментално здравје и подобрувањето на нивниот квалитет на живот.

316192390 816884426091970 1053330979501398364 n

Уметноста го развива чувството за припадност и работа во група, се развива идејата за светла и креативна иднина, се обновува животната сила, се стимулира фантазијата и се акумулира позитивен начин на размислување. И точно заради сево ова, овие театарски работилници во овие три месеци, го исполнија секојдневието на децата и старите лица, со многу радост и насмевки.

Во периодот од 15-ти август до 20-ти ноември, се одржаа десет театарски и седум танцови работилници, а проектот беше поддржан од Министерството за култура.

Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
„Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …
На 8 март започнува пријавувањето за женската трка „Биди Своја“ 2026
На 8 Март – Денот на жената, официјално започнува пријавувањето за четвртото …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…