rek nas

По повод Денот на рударите кој се одбележува на 28 август, денеска пред управната зграда на РЕК Битола беше одржана свеченост на која на неколку пензионирани рудари им беа доделени благодарници.

На свеченоста присуствуваше генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов кој истакна дека рударите се еден од најосновните столбови на компанијата.

rek 2

„Вие сте неразделен дел од нашиот национален енергетски систем, она што го правите вие е херојска работа која заслужува неизмерна почит и највисока пофалба за вашата ангажираност и затоа во име на сите вработени во АД ЕСМ ви благодарам од срце за вашата несебична работа и посветеност“, истакна Стефанов.

rek 13

Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски потенцираше дека за вработените во РЕК Битола зборуваат резултатите.

rek 15

„Од 1 јануари до 31 јули, Рек Битола произведе за 3,16% електрична енергија повеќе од истиот период лани, а дури 41,28% повеќе од 2021 година. Затоа се Рековци најдобри. Во моментот на депонија има над 200,000 тони залиха. Вработените на РЕК Битола треба да бидат горди за работењето на комбинатот годинава, јас им честитам за заложбата и за вложениот труд кој на крајот резултира со зголемено производство на мали трошоци и солидна основа за уште една успешна грејна сезона. Вработените во РЕК Битола се херои на македонското секојдневие, кои 40 години го носат товарот на македонскиот електроенергетски систем. Рударите влегуваат на работа и не знаат дали ќе се вратат. Не по своја вина, туку заради хировите на природата кои се особено изразени во рудниците. Затоа на влезот од секој рудник стои „Среќно““, рече Матевски.

rek 7

Димитар Петковски, раководителот на производство на рудниците, рече дека изминатиот период пожртвувано работеа за да го остварат планираното производство.

rek 16

„Во изминатиот период направивме големи ремонти, ги преместивме јагленовиот и јаловинскиот систем и се бориме да го оствариме производството со застарени машини кои се одрживаат секојдневно во кондиција. Работниот кадар веќе е застарен во рудниците и се надевам дека ќе бидеме атрактивни, за да се продолжи во наредните години за производство и ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола“, рече Петковски.

Да се биде рудар е многу тешко, а за тоа раскажува пензионираниот рудар, Пеце Ганчевски.

rek 17

„Тешко е да се биде рудар бидејќи работиш во секакви услови, во магли, калови, прашини. Гори јагленот, мора да го дишиш, вода немаш, ќе наполниш, водата ќе се стопли. Нема раце каде да се измиеш, тешки се условите во рударството исклучиво за во копот“, вели тој.

Инаку денеска беше потпишана спогодбата за измена на колективниот договор со која на вработените во АД ЕСМ ќе им бидат зголемени платите за 15%.

rek 24
rek 25
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…