„Старецот на сите генерации“ е краткиот филм кој го снимија гимназијалците по повод 79 години настава на македонски јазик во Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – во Битола. Наставата на мајчин јазик започнала да се одржува од 6 февруари 1945, па така во континуитет од 79 години во Гимназијата непрекинато наставата се одржува на македонски јазик, дополнително странските јазици кои учениците ги изучуваат во согласност со наставната програма.
„За краткиот филм „Старецот на сите генерации“ има еден интересен куриозитет – првата идеја беше да се сними кусо видео кое ќе се објави на социјалните мрежи и толку, со оглед дека следната година ќе се одбележуваат 80 години од наставата на македонски јазик во Гимназијата. Но, нас како ученици, важна ни е секоја година. Во меѓувреме се снимаше подкаст на истава тема во средношколското радио и си рековме дека е доволно. Но, на големиот одмор, во училишната библиотека во соработка со Младинскиот актив – решивме да снимаме краток филм – полни со адреналин и луди идеи, здружно го составивме сценариото. Ги поделивме обврските и за помалку од два дена излезе готов производ – тоа е овој филм. Максимално се дадовме во сѐ. Идејата ни беше преку старецот да ги преставиме сите претходни генерации, се навраќа на повеќе минати периоди, влегува во дискусија со учениците. Целта ни е да предизвикаме емоција кај гледачот – старецот нема ни име ни презиме – тој всушност ја претставува Гимназијата“ – изјавуваат креативните гимназијалци од трета година.
Во реализација на филмот учествуваа:
режија, монтажа -Давид Козаров
старецот – Борис Граматковски
ученици: Ана Спасеска,
Дарко Велкоски,
Илина Козарова,
Горазд Петровски,
Ангела Наумовска,
сценариото е дело на сите учесници под менторство на проф. Биљана Т. Димко
Архивските материјали за филмот се во консулатација со проф. Иљо Трајковски
Филмот можете да го изгледате на линкот: