little boy 731165 1920

Срамот со сигурност е една од најтоксичните емоции кои може да ги почувствува човекот воопшто.

„Се сеќавам дека чувствував огромен срам, додека татко ми ми приговараше нешто на улица.  И тоа беше нешто поради кое на ниедно ниедно дете не би требало да му се приговара. На пример, кога ќе ме водеше на доктор, па во текот на возењето ќе ми одржеше лекција – дека сега не би била болна доколку сум го послушала него и би ја облекла дебелата јакна или место патики сум ги облекла чизмите.

Кога би го слушала ова истото дома, би го игнорирала, но надвор ваквите забелешки беа интензивни и потешко ги поднесував, затоа што во таа прилика тој и на другите им откриваше работи за мене, од што навистина ми беше непријатно. Се молев на бога никого да не сретнеме  попатно за да не го забележат она  кое се обидувам да го скријам,  коментарите како другите се во ред, освен јас. Сите деца очигледно ги слушаат родителите, а јас не знаев кој е мојот проблем и зошто не можам да ги задоволам критериумите на татко ми. Зошто едноставно не можам да бидам дволно добра за него.

boy 317041 1920

А тоа толку многу го посакував. Никој не сакав да слуша како ме срамоти на улица. Мислев дека другите ќе се дружат со мене и ќе ме прифатат само затоа што успешно прикривам тоа што сум.Колку тажно уверување. И колку залудно потрошена енергија. Еве, ова се случува кога кај детето ќе го всадиме чувството на срам. Детето не трши енергија на здраво растење, т.н  цветање, туку на прикривање. Посрамотувањето во јавност ми беше баш болно.

Ајде тој што мислише дека не чинам, ама, пак и на другите да им кажува ко да сум јас единствена со грешка. Навистина се чувствував грдо. Затоа, немојте да говорите или да правите нешто со што би си ги посрамотиле вашите деца во јавност, им ја уништувате самодовербата, која е неопходна за преживување во оваа доба на живеење“ – пишува на својот блог  Мирта Приморац  Шејиќ, психотерапевт.

Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
meblo trejd racki
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…