Вечерва во Народниот театар Битола беше изведен мјузиклот „Исцелител“ кој ги одбележа 25-те години постоење на Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“.

anastasija 25 godini 60

Мјузиклот „Исцелител“, повикува на будење за заштита на планетата земја, потсетува дека секој поединец треба да се пронајде себе си, да го прави тоа што навистина го сака и да помага на другите, да работи на личната самосвест и да негува вистински вредности, тогаш тој би бил навистина среќен и би успеал да се излекува себе си. Секој за себе си е „Исцелител“.

anastasija 25 godini 61

Во мјузиклот учествуваа деца, млади и возрасни, пејачи и танчери, членови на Анастасија Центар. По тој повод во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, се снимија и преработија 10 авторски песни, од вокалната група на центарот Анастасија. Како дел од настанот беа вклучени и млади талентирани лица со посебни потреби кои посетуваат редовно часови по пеење, танци и музичка терапија во Анастасија Центар.

anastasija 25 godini 18

Костимографијата за околу 50 учесници ја изработува креаторката Анастасија Зулевска. Музички секвенци создава Владимир Враниќ. Текстовите се од документарни материјали на самите учесници. За режијата, снимањето и музичката продукција, вокален тренинг и кореографија беше задолжена Стефанија Милевска Враниќ.

anastasija 25 godini 29

Во текот на овие 25 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

meblo trejd alati

    Реализиран проект на КИЦ: изложба на македонски и канадски графички уметници во Битола и Торонто
    Културно информативниот центар од Битола оваа година реализира капитален проект од графичката …
    Излезе од печат 13. број на Списанието „Современи дијалози“
    Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

    Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…