exzit 2

Новиот проект EXIT to Montenegro, во организација на најголемиот регионален фестивалски бренд EXIT, веќе предизвика огромен интерес на светската фестивалска сцена. Уште пред стартот, фестивалот доби повеќе од 40.000 пријави од над 100 земји, потврдувајќи дека Црна Гора ова лето ќе биде една од најатрактивните европски фестивалски дестинации.

Фестивалот ќе се одржи во две поглавја – од 3 до 6 јули на Велика плажа во Улцињ и од 28 до 31 август на плажата Бечиќи кај Будва. На сцените ќе настапат некои од најголемите светски имиња на електронската музика, меѓу кои Peggy Gou, Charlotte de Witte, Jamie Jones, Argy, Stephan Bodzin, Maceo Plex, Monolink, Hugel, John Newman, Enrico Sangiuliano и бројни други.

Програмата во Улцињ ќе биде посветена на спојот на музиката и природата, со посебен акцент на зачувувањето на екосистемот на Велика плажа. Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани и атрактивни кајтсурфинг содржини во соработка со водечки кајт-клубови.

Вториот фестивалски дел ќе се одржи во Будва, каде што од 28 до 31 август посетителите ќе уживаат во спектакуларна програма на едно од најубавите места на црногорското крајбрежје. Покрај светските ѕвезди, ќе настапат и повеќе од 50 регионални и локални изведувачи.

LINEUP Budva FINAL 1x1 1

Проектот има за цел да ја продолжи туристичката сезона во Црна Гора и дополнително да го развие музичкиот туризам. Според проценките, EXIT to Montenegro ова лето би можел да донесе повеќе од 210.000 ноќевања и над 40 милиони евра приходи за црногорскиот туризам.

Двата фестивалски настани се бесплатни за посетителите со претходна регистрација, додека бројот на ВИП билети е ограничен.

Генерација на резерви
Пишува: Сара Танаскоска Да си млад значи да живееш на резерва, не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…