насловна кирил методи

Во просториите на основното училиште. „Св. Кирил и Методиј “ – Битола се одржа промоција на книгата „Креативни техники за работа со деца во инклузија“ од авторите Тања Илиева и Александра Упале. Се работи за дело во кое авторите даваат техники за работа со деца во инклузивно образование.

Тргнувајќи од лично искуство низ книгата се проткајани конкретни примери за олеснување на образовниот процес на децата вклучени во инклузија.

324734372 901159817587866 4565766905858615290 n e1674853924729

„Изразувам голема благодарност за добрата воља и несебичната поддршка на рецезент д-р Марија Ристевска, печатницата Киро Дандаро за издавање на оваа книга како и на сите вработени во ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола кои ни овозможија пријатен престој во училишните клупи. Ова е индивидуална програма, но истата може да биде искористена и за многу други деца со тешкотии во учењето. Во книгата е опишан начинот на изработка на материјалите со кои ученичката ги совладуваше поставените цели, вклучувајќи текстови и цртежи за нејзино описменување како и обработка на материјалот по сите наставни предмети“, изјави Тања Илиева.

323534895 1447114989155777 4816419016007160728 n

Меѓусебната соработка помеѓу наставниците и родителите е многу важна во целокупниот образовен процес.

„За напредок и успех на децата во инклузивно образование потребна е меѓусебна соработка на родителите и наставниците, затоа што ние сме како делови од сложувалка кои треба да се вклопат за да добиеме јасна слика“, изјави наставник Александра Упале.

325130596 1222107885356209 53092260967183608 n

Оваа книга е издадена со надеж дека ќе послужи како пример за изработка на уште вакви материјали и ќе ја најде својата примена во рамките на инклузивното образование.

323534901 540458171195229 6123950290038604761 n
Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…