21

Денес (21.01.2023 година) во Офицерски дом Битола, се промовираше новиот битолски Шаховски клуб „Штајниц“, со брзопотезен турнир „Штајниц 2023“ на кој учество зедоа шахисти не само од нашиот град туку и од целата држава, но и од соседна Грција.

Во обраќањето на претседателот Пеце Богдановски беше наведено дека главен мотив и приоритет на овој нов Шаховски клуб е работа со млади категории на шахисти.

12

Во рамките на клубот постои и Шаховската школа која ќе работи со млади категории во која се добредојдени сите заинтересирани.

Шаховскиот клуб Штајниц е основан во 2022 година во Битола, во чест на првиот шаховски шамион во светот, Вилијам Штајниц.

„Наша цел е да создадеме заедница во која ќе се приклучат се повеќе млади шахисти кои континуирано ќе се развиваат и придонесат кон развој на натпреварувачки и спортски дух, а сè со цел усовршување и остварување на повисоки спортски резултати. Посветени сме на постојан развој и унапредување на младинските шаховски ентузијасти, запознавање на младите со оваа дисциплина и спортот воопшто, и формирање на здрави млади генерации!“, велат од клубот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…