viber image 2023 01 22 13 29 22 015

Во Индија викендов се објавија резултатите од светскиот детски ликовен конкурс за 2О23 кој го организира Школата за детска ликовна уметност „Мудра”.

viber image 2023 01 22 13 29 21 785

Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола освои осум награди за најдобар индивидуален пристап во соодветна категорија.

viber image 2023 01 22 13 29 21 922

Наградени се учениците: Ангела Цветковска, Леа Стерјев, Ана Полизовска, Сара Наумовска, Сирма Спиркоска, Меланија Кондовска, Анастасија Наумчевска и Томислав Атанасовски.

Соодветно на светскиот детски ликовен конкурс викендов во изложбениот салон на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Барода беа истакнати дела од сите земји учеснички при што Македонија беше претставена со четири детски ликовни творби.

viber image 2023 01 22 13 29 21 649

„Годината ја започнуваме со наградите од Индија што не радува сите. Иако започнаа проблемите со греење, како резултат на финансиите кои МОН ни ги прекина и кои се уште немаат правен документ со образложение зошто тоа е направено, ние влеговме во година кога бележиме 55 години од формирањето на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола па решивме максимално да не има насекаде по светот.

Индија е само почеток на една успешна 2О23 година за ДЛС во која ги најавуваме најмасовните реализации на 41 издание на светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола” и 42. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” за 2О23 година.

Воедно можеме да го најавиме и првото патување кое е на покана на Европскиот Парламент – Советот на Европа и Европската Комисија, а кое ќе го реализираме во март кога во Брисел патуваме со 20 членови на ДЛС кои ќе имаат средби со еврокомесарите за образование и култура како и претседателите на соодветните ЕУ органи и комисии. Секако ќе реализираме и посети на низа музеи и галерии” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО на ДЛС.

Светскиот детски ликовен конкурс во Индија низа години го носи насловот „The United World Child Art Exhibition” и е формиран по теркот на „Малиот Битолски Монмартр”. Огранизатор е „Мудра” школото за детска ликовна уметност под раководство на академската сликарка Кансара Киран која воедно од 2022 година е и член на Меѓународниот Управен Одбор на 42. издание на „Малиот Битолски Монмартр” и е носител на позицијата Претседател на комисијата за соработка со азиските земји.

viber image 2023 01 22 13 29 21 444

На светскиот детски ликовен конкурс пристигнаа над 2.5ОО дела од Индија – Австралија – Бугарија – Египет – Хонг Конг [ Кина ] – Унгарија – Израел – Македонија – Русија – Турција и Украина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…