насл

Македонското научно друштво Битола, во соработка со КИЦ Битола и Галеријата Букефал од Охрид, на 14.12.2023 (четврток) организира промоција на монографското издание и изложба на уметнички дела од ликовниот уметник Јордан Манасијески.

Промоцијата на монографијата е закажана за 18 часот во Свечената сала, а изложбата веднаш потоа во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола.

1700505201148

За монографијата и сликарот ќе зборуваат ликовниот критичар и графичар Владо Ѓорески и ликовниот уметник Панде Петровски, како и уредникот на монографијата Љупчо Жупан.

Инаку, монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески од Охрид, чии автор е проф.д-р Владимир Величковски е екслузивно издание од 480 страници – тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик.

Со тоа таа има енциклопедиско значење, особено што содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски, писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо Јованоски.

1 сл

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2000 идејни дизанерски решенија.

Подготовката на монографијата траеше повеќе од 6 години. Техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

По промоцијата, љубителите на ликовната уметност ќе имаат прилика да уживаат во уметничките креации на сликарот Манасијески, кој ќе изложи повеќе од 30 уметнички дела изработени во повеќе техники и од различни периоди.

На оваа свеченост, ликовниот уметник Јордан Манасијески ќе биде промовиран и како редовен член во Македонското научно друштво Битола, кое е најстарото научно друштво во нашата земја основано во 1960 година.

meblo trejd
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…