кошарка

По дводневни возбудувања успешно заврши 11. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир “Битола 2023” кој што беше во организација на КК “Младост” и општина Битола. Натпреварите беа во три категории: момчиња родени 2012/13, девојчиња родени 2008/09 и ветерани 50+.

Најуспешна екипа кај ветераните беше “Воштарница” од Задар-Хрватска која во возбудливото финале беше поуспешна од екипата на “Баскет ветерани”-Струмица со 47:36. КОНЕЧЕН ПЛАСМАН-ВЕТЕРАНИ:

  1. Воштарница (Задар)-Хрватска
  2. Баскет ветерани-Струмица
  3. Лесковац-Србија
  4. Штип
  5. Репрезентација на Косово
  6. Велес
  7. Тиквеш-Кавадарци
  8. Суперветерани (Белград)-Србија
  9. Пелистер-Битола
  10. Френдаџо (Опатија)-Хрватска
  11. Дринк&плеј (Загреб)-Хрватска
  12. Баскет бојс (Корча)-Албанија

Кај девојчињата родени 2008/09 најдобра беше екипата на ГКК “Охрид”, следуваат “Пробаскет”-Кавадарци, “Пелистер АД”-Битола и “Јасмин”-Кавадарци.
Кај момчињата родени 2012/13 шампион е екипата на “Пробаскет”-Кавадарци, второпласирани се “Охрид”, а следуваат “Декса”-Прилеп и “Младост”-Битола

За трите првопласирани екипи беа обезбедени медали, а останатите екипи добија дипломи за учество.

Во ревијалниот дел, натпревар одиграа ветеранките на “Пелистер” и “Младост”, како и ветераните на “Младост”. Членовите од школата на КК “Младост” се натпреваруваа и во кошаркарски вештини.

Владимир Прчков

341285055 5996093180498545 1198117644130634131 n
Победниците во категоријата ВЕТЕРАНИ 50+, “Воштарница” од Задар, Хрватска: Томислав Кларица, Фрако Котлар, Марко Граиќ, Шиме Бекафиго, Марки Бласлов, Марин Бралиќ, Благоја Кечовски и Коста Нешковски
342374424 9160027800738852 1636972064552896411 n
MVP во категоријата ВЕТЕРАНИ 50+: ФРАКО КОТЛАР (Воштарница, Задар-Хрватска)
342389115 778079460509837 8225800424677717217 n 1
Второ место “Баскет ветерани”-Струмица
341985349 249683207629062 4761059986993237084 n
Репрезентацијата на Косово
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…