viber image 2023 05 04 14 28 53 081

Претседателот Стево Пендаровски денес донесе одлука да донира лични средства во износ од 36.000 денари за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола како гест на поддршка на активностите кои студиото ги реализира низ своите 55 години постоење и огромниот број активности низ цел свет со кои директно ја промовираат државата.

viber image 2023 05 04 14 28 52 888

Акцент на донацијата на Претседателот Пендаровски е поддршка кон патувањето на тричлена делегација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на годишниот настан на УНЕСКО во Троа – Франција [ 30 мај – 03 јуни ] каде ученици на студиото освоија голем број признанија и награди.

viber image 2023 05 04 14 28 53 030

Имено од учество на годишниот конкурс на кој со детски ликовни творби учествуваа над 75 држави, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола беше единствен претставник на нашата земја, а освои 20 признанија и 13 награди од кои најголема е освоеното трето место во светот на ученичката Валерија Костовска во категоријата млади ликовни уметници 14 – 18 години.

viber image 2023 05 04 14 28 52 983

Посебно признание УНЕСКО им додели и на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и Претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

viber image 2023 05 04 14 28 53 136

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола претходно најави можност да не се патува во Троа – Франција, но целосно со донации извесно е дека сепак ќе земе учество на најголемата манифестација на УНЕСКО посветена на детското сликарство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…