rabotilnica

Зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa, а во соработка со КИЦ Битола. Тоа е еден од петте регионални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните музички артисти, нивно мапирање, поддршка и промоција и креирање на подобри локални културни политки за оваа целна група. Во рамките на овој мини проект ќе биде подигната и веб страница за независната музичка сцена на Битола, ќе се оддржат работилници за музички менаџмент и градење културни политики во овој сегмент.

Прв од овој сет на активности е работилницата за музички „букинг“ со музичарот Сашо Поповски. Наскоро ќе следат и работилници за промоција, продукција и настапи во живо.

„Како до успешен букинг“ со Сашо Поповски

 Сашо Поповски е музичар кој сеуште го живее сонот од младоста – на сцена со гитара во раката! Од почетоците со рок групата Фаџ, преку љубовта кон блуз музиката и клубските свирки, до Магистер и Редовен професор на Универзитето Гоце Делчев – Штип (џез оддел) , денес е еден од нај реномираните – активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски фестивали. Снимил шест албуми , го основал и успешно  го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.

05/05/23  Кино Манаки –  КИЦ Битола 18.00 ч. Влез слободен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…