viber image 2023 08 19 12 20 39 685

Празникот Преображение Господово е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

viber image 2023 08 19 12 20 39 124

Специфично за овој празник е тоа што на Литургијата после задамвоната молитва се благословува и осветува грозјето. Тогаш за прв пат може да се јаде од овој плод.

viber image 2023 08 19 12 20 40 1

Зошто се осветува грозјето на Преображение?

Грозје и житни зрна се принесуваат во Црквата за благословување од една страна – во знак на благодарност на Бога, Кој ги дарува овие плодови за живот на луѓето, а од друга страна и затоа што од тие плодови ги приготвуваме виното и лебот за свештенодејствие, зашто и третото апостолско правило и 28-то на шестиот Вселенски собор дозволува тие плодови да се внесуваат во црквата. Истата намера, со која се принесуват и овие плодови во црквата, опишана е и во молитвите на нивното благословување, т.е. за Господ Бог да ги благослови плодовите давајќи им „дожд, благорастворен воздух, и погодно време за нивно созревање, за да ни бидат храна, а исто така и да се принесуваат како дар во храмот за осветување на Светите Тајни Христови”. Свети Василиј Велики (во беседата за 32 псалм) посочува на причината за ова молитва: „земјоделецот добива плодови од земјата не толку за своите трудови, туку поради Божјата добрина.”Кај нас осветувањето се извршува на празникот „Преображение”, а во северните делови од земјата осветувањето се извршува подоцна (на „Успение”), бидејќи подоцна созреваат плодовите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…