ване

Денес, 21  август, во книжарницата Book’s House  ќе биде гостин писателот Ване Николоски од 17 до 19 часот, повод за дружење со читателите е потпишување на романот „Надеж“, а ќе бидат подарени и примероци од романот.

„Надеж“ (2019) е првиот објавен роман на Ване Николоски, Македонец кој живее и работи во Мелбурн- Австралија. Централно место во наративот на Николоски е емоционалниот живот на ликовите, збогатен со неверојатно добро склопени дијалози. Коментарите од будните читатели се полни со пофални зборови, најверојатно затоа што приказната е реалност со која се соочувме сите, само во разична форма и интензитет. За што се раскажува во „Надеж“: „Нашиов свет секојдневно бележи пад на културните и другите вредности и опстојува на работ на нуклеарна и еколошка катастрофа. За утеха и за среќа, романот „Надеж“од В. Николоски ја враќа довербата во поединецот и во општеството и кога неговите јунаци ќе се најдат во фокусот на депресивни влијанија, не заборавајќи на доблеста. Љубовта, пожртвуваноста и надежта се лостови за придвижување на човекот во вистинската насока, што првенствено подразбира зачувување на човечкото достоинство и постигнување успеси што служат за пример“. 

367574816 305940075432757 8010113327675164978 n

Читај бе: Велите дека околу една година ви беше потребно да го напишите романот, но колку време зрееше, со оглед дека не е воопшто едноставна приказната?

Ване: Приказната ја имав во себе многу години, можеби 25 години. Но таа постојано се надградуваше и надополнуваше во целиот тој период за конечно некаде околу 2015/16 година во најпредизвикувачкиот момент од мојот живот се одлучив да ја овековечам во роман.

Читај бе: Според Вас како писател кој се задржува на емотивната страна на ликовните, колкав предизвик беше да се отвори таа човекова школка – емотивен живот (кој реално се крие)?

Ване: Морам да признаам дека порано кога бев помлад бев помалку скептичен околу хороскопските знаци, за да подоцна да сфатам дека всушност мојот хороскопски знак, Рак, навистина ме опишува мене од А до Ш. Јас припаѓам на најемотивниот знак во хороскопот и воопшто не ми беше тешко да пишувам за емотивниот живот на ликовите и тоа ми беше најголемиот адут.

Читај бе: Романот  е издаден во екот на пандемијата, го крстивте „Надеж“, а главниот лик е оставен пред Домот за деца без родители, можеби без да сакате, но со овој ракопис нудите надеж како можност да се оди понатаму – што претставува надеж за Вас?

Ване: Надежта, верата и љубовта се најголеми двигатели на човековото битие и ако човек не ги поседува во себе самиот тој е осуден на пропаст и никогаш нема можност вистински да живее.

Читај бе: Кој е Адам, што треба да претставува тој во деншново време, па и другите ликови?

Ване:
Адам е личност која ја красат сите човекови вредности, личност која сите ние би требало да се стремиме да бидеме, но не ми беше целта да го направам суперхерој. Затоа што не верувам во совршеност и тој самиот си поседува некои негативности кои всушност и го однесоа во неволји низ животот.

Читај бе: Во романот провејуваат романтичарски елементи со признак на новото време – дали тоа беше целта бидејќи велите дека приказната е измислена, но емоциите не се, тие постојат, во нечија душа?

Ване: Приказната е безвременска, вредностите за кои пишувам се тие без кои не можеме да живееме ни вчера, ни денес, ни утре. Но морам да признаам дека ме загрижува денешницата и иднината бидејќи полека во современиов свет доброволно стануваме бездушници. Односно се роботизираме ако всушнот тоа е и зборот во речникот, посоодветно би биле да кажам дека  стануваме нечуствителни суштества.

367553473 326716563115088 5458274345034153197 n edited

Читај бе: За кого е наменета книгата „Надеж“?

Ване:
Приказната „Надеж“ слободно можат да ја читаат сите генерации од 16 години до бесконечност и верувам дека сите подеднакво да уживаат во неа.

Читај бе: Кои се мислењата на читателите за книгата, со оглед дека не е секојдневно македонски автор да пишува на ваков начин, емотивно, отворено?

Ване: Можам слободно да кажам дека сите читатели без исклучок што го имаат прочитано романот ме контактираат на овој или оној начин и воодушевено зборуваат за своите импресии и сите ми кажуваат дека со солзи радосници го читаат крајот на овој роман. Бев изненаден дека и најнемотивните успеав да ги расплачам на крајот и емотивно да ги раздрмам. И на вистина бев пресреќен што успеав во тоа.

Во продолжение цитати од книгата:

             – „Добре дојде ангелче во нашава голема куќа. Овде имаш многу братчиња и сестричиња и никогаш нема да бидеш осамено“

             – „На заминување, кога Адам се поздравуваше со неа, гушкајќи ја повторно со полунасмевка тивко и зашепоти: Нате, што стана со мојот подарок?
„Не си подготвен, Адам“ – одговори таа.
„Како го знаеш тоа?“
„Те познавам Адам“
„Дали си ти подготвена?“
„Да“ – рече Нате.
„Не ти верувам!“
„Ете гледаш дека не си подготвен, ајде довидување!“

             – „Те молам, боже, ова да е вистина, а не сон те молам!
Да, сето тоа беше вистина, за која Адам секогаш сонуваше.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…