Најновата продукција на Народен театар Битола, ВУЈКО ВАЊА од А.П.Чехов, во режија на Софија Ристевска Петрушева, ќе ја има својата ПРЕМИЕРА и за сите театарски љубители во нашиот град, и тоа на 26 јануари, петок, во 20 часот, како и прва реприза на 27 јануари, сабота, исто во 20 часот.
„Ние со радост ве каниме да погледнете претстава што многу детално ги разработува темите за изгубената среќа, срушените надежи, стравот од губењето на домот, стареењето, како и болното секојдневно психолошко преиспитување – дали нашите животи се среќни, дали живеевме онака како што сакаме, или без борба се предаваме на околностите што не заобиколуваат“, велат од НТБ.
ВУЈКО ВАЊА е претстава за страста, за губењето, за семејството и за разочарувањето, за општествената опресија и за животните избори, за староста, за тагата, но и за надежта, што константно не тера да одиме напред и упорно не стимулира одново и одново да продолжуваме да живееме!
Антон Павлович Чехов
Вујко Вања
Користени преводи:
А. Неверова – Христова, О. Павловиќ, Д.Биљановски,
Режија: Софија Ристевска Петрушева
Драматург: Билјана Крајчевска
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓорѓиевски Папаз
Композитор: Александар Талевски
Кореограф: Кире Миладиноски
Шминка: Стефанија Стојчевска
Дизајн на тон и тон мајстор: Александар Димовски
Дизајн на светло и светло мајстор: Горан Петровски
ЛИЦА:
ВОЈНИЦКИ, ИВАН ПЕТРОВИЧ, ВУЈКО ВАЊА, син на Марија Василевна –
ПЕТАР ГОРКО
СЕРЕБРЈАКОВ, АЛЕКСАНДАР ВЛАДИМИРОВИЧ, професор на универзитетот во пензија –
АЛЕКСАНДАР ДИМИТРОВСКИ
ЕЛЕНА АНДРЕЕВНА, негова жена; на 27 години –
ЈУЛИЈАНА МИРЧЕВСКА
СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА), негова ќерка од првиот брак –
КАТЕРИНА АНЕВСКА – ДРАНГОВСКА
ВОЈНИЦКА, МАРИЈА ВАСИЛЕВНА,
вдовица на таен советник, мајка на првата жена на професорот – МАРИЈА СТЕФАНОВСКА
АСТРОВ, МИХАИЛ ЉВОВИЧ, лекар –
НИКОЛА ПРОЈЧЕВСКИ
ТЕЛЕГИН, ИЉА ИЛИЧ, пропаднат спахија –
ВАЛЕНТИН ДАМЧЕВСКИ
Дизајн на видео и рекламен материјал: Сашо Илковски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Мирко Лазаревски