Во некои култури во светот, венчавањето е многу повеќе од едноставна церемонија каде се спојуваат двајца. Пример, во Виетнам, бракот не е само формално здружување на двајца, туку и прилика да се ‘разбуди’ потенцијалот за рабирање на партнерите, не само на емотивно и физичко ниво, туку и во одржување на здраво ментално здравје.
Во оваа југоисточно азиско општество, со поднесувањето на барање за склучување на брак, мора да се има и потврда од доктор дека идните брачни партнери се со добро ментално здравје и се психички подготвени да бидат во брак.
Ова барање не е само обична формалност, туку одраз на високо вкоренети уверувања дека стабилниот брак не зависи само од љубовта и привлечноста, туку и од способноста на партнерите заедно да се справат со животните тешкотии и предизвици.
Процесот на добивање на дозвола за венчавање
За да добијат дозвола за венчавање, идните брачни партнери мора да посетат доктор кој ќе го процени нивното ментално здравје. Оваа проценка вклучува проценување на општото психичко здравје, способност за соочување со стрес, емоционална стабилност и други фактори кои можат да влијаат на бракот. Освен ова, важно е идните сопружници да посетуваат брачно советување кое ќе ги подготви за предизвиците кои ги очекуваат во бракот.
Пофалби и критики
Иако ова барање има свои предности, наиде на критики.
Некои го гледаат како инвазивно мешање на државата во приватните одлуки и лични односи. Исто така се поставува прашањето дали медицинската потврда е доволно веродостојна за да го потврди успехот на бракот.
Од друга страна, повеќето ја пофалија оваа инцијатива, бидејќи ја истакнува важноста на пристапување во брачна заедница – огромен животен чекор. Го промовира разговорот за менталното здравје и поставува темели за здрави семејни односи.