IMG df3de6f114cce7661340d8470d16a455 V

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и официјално ја започна 2024 година со награди од над 50 светски детски ликовни конкурси на кои нивните 120 ученици – членови под менторство на координаторот за ликовни активности Томислав Стерјев партиципираат во текот на една школска година.

Првите награди се од VI издание на светскиот детски ликовен конкурс „Уши и шепи” кој го организира Детското ликовно студио „No 17″ под покровителство на одделот за култура на главниот град на Сибирскиот регион на Руската Федерација – Новосибирск.

На светскиот детски ликовен конкурс за 2023 година се работеше на темата „Камили и пеликани”, a учество имаа над 20 земји кои генерираа фонд од над 5.000 детски ликовни цртежи.

„Особено значајно за нас во врска со учеството на овој светски детски ликовен конкурс е што тој е од глобален формат во своето VI издание, но тој е многу постар ако се знае дека декади наназад е еден од најголемите, ако не и најголем на територијата на Руската Федерација што значи и огромен квалитет и конкуренција која е милиметар под онаа на професионалните ликовно уметници.” – истакна Стерјев.

На светскиот детски ликовен конкурс за изложбата која ќе следи, од Македонија учество имаше само ДЛС, а наградени се 5 ликовни дела од исто толку автори од кои 2 се со Почесни Дипломи. Освоени се три први места во своите категории по возраст, но и тема на која се сликаше и тоа: Леа Стерјев за „Камили” категорија 15 – 18 години; Ана Полизовска за „Погледот на пеликаните кон морето” категорија 15 – 18 години и Николија Костовска за „Веселата камила” категорија 9 – 11 години.

IMG 22299589207d97f28d92e95d0a489c25 V

„Поприлично е импозантно што овој светски детски ликовен конкурс работи на темата животни и птици а во комплетниот состав на 9-члената жири комисија пред се се истакнати ликовни уметници кои формираат оценки и проценки врз анатомскиот приказ на животното или птицата – членови се и зоолози како и Декани на 2 Факултети за применети ликовни уметности. Ова самото по себе значи и дека пристапот е на професионално ниво и со овој огромен успех ДЛС ја отвора “сезоната на награди” за 2О24 година.” – истакна Стерјев.

Претседателката на Жири комисијата Евгенија Чарушина која е ликовен уметник и професор на еминентната ликовна академија во Санкт Петербург со посебна Пофалница и за координаторот за ликовни активности при ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола за кој истакнува дека “се благодарни за високиот степен на професионализам во подготовката и селекцијата на детските цртежи за натпреварот како и работата со млади ликовни таленти и млади ликовни уметници низ автентичен пристап кон едукацијата на младите генерации на ликовни уметници од страна на Томислав Стерјев” признание кое го доделува Заменик началникот на секторот за култура на град Новосибирск – госпоѓа И.С. Совјева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…