РЕК Битола ја потврдува својата општествена и еколошка одговорност преку традиционалното пролетно пошумување. Оваа година, педесетина вработени од различни сектори во подружницата, засадија 5000 багремови садници, продолжувајќи ја заложбата за обновување на природата.
Целта е двојна: стабилно производство и активно придонесување кон поздрава животна средина преку рекултивација на земјиштето, што значи почист воздух, заштита од ерозија и поплави.
„Посебно сме горди што увидот во претходните пошумувања покажа одличен успех, докажувајќи ја нашата долгорочна еколошка посветеност и видливите резултати од нашите акции”, велат од РЕК Битола.