teatar crno seme

Во Битолскиот театар денес се одржа прес-конференција посветена на најновата премиера „Црно семе“, поставена според антологискиот роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски.

На 13 април се навршија 13 години од смртта на Георгиевски, а годинава се одбележува и 90-годишнината од неговото раѓање. Семејството на авторот ги отстапи авторските права со голема благодарност што делото повторно оживува на сцена.

„Претставата е посветена на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – на нивните страдања, издржливост, борба за слобода и зачувување на националниот идентитет“, изјави директорот на театарот, Васко Мавровски.

teatar crno seme1

Режисерот Андреј Цветановски, за кого ова е трета премиера во Битолскиот театар, потенцира дека долго ја барал вистинската сцена за „Црно семе“. „Судбината на помалите народи е тешка, бидејќи нивните приказни често остануваат нераскажани. Оваа претстава е повик за истрајност, за останување свој, и покрај сите притисоци“, рече Цветановски.

Во претставата играат Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Петар Горко Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски и Хари Михајловски. Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценограф е Сергеј Светозарев, костимограф Благој Мицевски, музиката ја потпишува Димитар Андоновски, а кореограф е Дамјан Цветановски. Учествуваат и четворица млади членови од КУД „Илинден“.

Актерите истакнаа дека претставата длабоко ги допира, бидејќи носи трансгенерациска порака за страдањето, но и за надежта, љубовта и отпорот кон неправдите. Во претставата се користи и композицијата „Бело море“ од групата Мизар, како и изведби од хорот „Хармосини“.

teatar crno seme2

Дејството на драмата е лоцирано во времето на Граѓанската војна во Грција (1946), кога Македонци од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти, се испраќаат во логори на пустински острови. Претставата го прикажува нивното преживување, моралната борба и идентитетскиот отпор.

Премиерата на „Црно семе“ е закажана за 16 април во 20 часот и е целосно распродадена. Следните изведби ќе се одржат на 22 и 29 април.

„Не ја пропуштајте приказната за историските неправди кои му се случувале на македонскиот народ и нивната борба за зачувување на идентитетот и јазикот“.

Зошто сме постојано уморни и кога ништо не правиме
Никогаш немаме работено повеќе – а никогаш не сме биле поуморни. Деновите …
Македонското вино и храна – Совршена симфонија на вкусовите
Виното секогаш ја следи храната, со својата разновидност на вкусови, ароми и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…