jazz festival press 9

Осмото издание на Џез Фактори Фестивал Битола ќе се одржи од 17 до 19 април, со настапи на истакнати џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар, Центарот за култура и неколку кафе барови.

Директорот и основач Сашо Поповски потсети дека фестивалот потекнува од работилниците „Jazz Factory for Kids“ започнати во 2011 година. Тој изрази благодарност до Народниот театар, Општина Битола, Центарот за култура и Министерството за култура за поддршката.

jazz festival press 11

Фестивалот започнува на 17 април со настап на францускиот пијанист Laurant Coulondre и американскиот мултиинструменталист Corey Wilcox со WORKING CLASS HEROES.

Компанијата МИНТ донира контрабас, значаен инструмент за фестивалот. Програмата вклучува и џез работилница за деца, со цел едукација и создавање млада публика.

„Младите треба да се запознаат дека постои малку поразлична музика од таа што им се сервира секој ден и дека музиката од цртаните филмови може да биде изведувана во живо на инструменти. Создавањето на публика не зависи само од фестивалот, потребно е да се има сериозен џез клуб во Битола, нешто што долги години ние го немаме и мислам дека тој дисбаланс кој што се јавува во моментов е токму поради тоа што сега уште немаме сериозен џез клуб во градот, па можеби сето ова ќе поттикне некого за постоење на истиот“, рече Поповски.

jazz festival press 5

Ќе се додели и наградата „Гоце Димитровски“ на младиот џез музичар Теодор, кој ќе учествува на мастер клас во рамките на Нишвил фестивалот.

Поповски нагласува потреба од отварање џез клуб во Битола и подобра интеграција на џезот во образованието, како и поддршка за изборни предмети по џез во средните музички училишта.

jazz festival press 10

На 18 април ќе се претстави книгата Press and Play на Ненад Георгиевски, а ќе се одржат и настапи на Jaume Miquel Trio, Swantje Lampert и квартетот на Јован Цветковиќ. На 19 април ќе настапат КОД 369, JFF Little Big Band и ќе се одржи Годишната конференција на Асоцијацијата на џез фестивали.

Фестивалот се организира под покровителство на Општина Битола и со поддршка на повеќе културни институции и амбасади, со повеќе од 2000 посетители годишно.

Прегласниот свет и тивкиот човек
Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…