e2674a3b f650 4836 938a 9b92f70aa9d7

По 25 години постоење како симбол на слободата, заедништвото и младинската енергија, EXIT фестивалот ја најави својата последна година во Србија, наведувајќи дека нема да молчи во услови на притисоци и укинување на слободата на говор.

Фестивалот, кој започна како студентско движење за мир и слобода, прерасна во еден од најголемите музички настани на светската сцена. Во изминатите две и пол децении, EXIT не само што донесе бројни интернационални признанија и милионски туристички прилив, туку беше и платформа за обединување, толеранција и социјални промени.

„Сметаме дека слободата нема цена. Затоа, годинашново јубилејно издание на фестивалот ќе биде последното што ќе се одржи во Србија во која се задушува слободата на говор. Иако знаеме дека сме добредојдени во многу делови од светот, на нашата публика ѝ должиме последно танцување на Петроварадинската тврдина,“ порачаа организаторите на EXIT.

29c82380 7bfc 4fd8 87e6 2df2ba8d7203

Откако минатата година јавно застанаа на страната на студентите и нивната борба за праведно општество, организаторите на фестивалот се соочија со, како што велат, огромни финансиски и политички притисоци. Јавното кофинансирање од сите нивоа на власт им било целосно ускратено – одлука што го доведува во прашање опстанокот на фестивал од ваков обем.

Сепак, фестивалскиот тим останува одлучен – EXIT 2025, кој ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад, ќе биде најемотивното и најнезаборавното издание досега. Ќе се слави 25-годишнината на фестивалот, заедно со студентите и сите оние кои веруваат во подобро утре.

„EXIT не е само фестивал, EXIT сме сите ние кои веруваме дека можеме подобро. И како што пред четврт век заедно ја запаливме искрата на промената, денес уште еднаш го браниме правото да живееме слободно,“ стои во соопштението.

Ако ова навистина биде последниот EXIT на Петроварадинската тврдина – нека биде величествено, незаборавно и најсилно досега.

Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …
„Визуелни елоквенции” – нова поетска книга на Лили Бошевска во издание на „Матица македонска”
Книгоиздавателството „Матица македонска" ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…